fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Визуелен ефект за телевизиски прилог од 2020 година прикажан како теорија на заговор

Видеото  е направно во март 2020 година и на него е прикажано како папката која ја држи Сунак, кој тогаш бил министер за финансии, ја менува бојата од црвена во зелена. Промената на бојата на папката е визуелен ефект направен за да се долови поентата за зелен буџет во рамките на еден телевизиски прилог, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Фотографијата со многу траги од авиони не е од С. Македонија

Фотографијата од постот всушност e преземена од сајтот war.com, авторот е непознат, но во нејзиниот опис пишува: Контрејлс (траги од авиони предизвикани од кондензација) зад борбени авиони во вежба од големи размери. Значи, воопшто не станува збор за С. Македонија ни за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс,...

Синдромот „ненадејна смрт“ не е поврзан со вакцинацијата

Постот дезинформира дека вакцинацијата предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот на ненадејна смрт - САДС. Инциденцата на ковид-19 е тесно поврзана со зголемена инциденца на ненадеен срцев удар и пониски стапки на преживување. Всушност, Фондацијата за синдром на ненадејна аритмија им препорачува на сите пациенти со САДС да добијат вакцини против ковид-19. Вакцините против ковид не се поврзани...

Прилог на Фокс њуз злоупотребен за да се промовира теоријата на заговор на Кју анон

Во видеото споделено во постот што го рецензираме не е прикажан телевизиски прилог во кој Фокс њуз известува за гласачки ливчиња кои биле дел од операција за изборна измама. Ниту пак, во прилогот се известува дека Бајден се апси и приведува и дека како измамници ќе живеат во наредните денови во Гвантанамо и дека ќе се соочат со воен...

Не е точно дека директорот на Фајзер признал оти вакцината не била тестирана и не била за ковид

Воопшто не се бараше од Фајзер, или било која друга компанија за производство на вакцини да тестира дали вакцината против ковид-19 ја намалува трансмисијата на вирусот пред да ја пуштат во употреба. Тоа не им беше потребно ниту за ицинијалното регулаторно одобрување, ниту компаниите (вклучително и Фајзер) тврдат дека ги тестирале. Тврдењето, пак, во постот што го рецензираме дека...

НАСА не ги класифицира вакцинираните против ковид како нов, генетски модифициран човечки вид

Терминот „хомо борг генезис“ не може да се пронајде во ниеден јавно достапен документ на НАСА, а агенцијата ги демантира наводите од видеото во постот што го рецензираме. Сајтот на НАСА не дава ниту еден резултат кога ќе пребарате „хомо борг генезис”. Дури и кога на пребарувачот Гугл ќе се пребараат сите американски владини сајтови, не се добива ниту...

Ниту има наплив од ковид заболени, ниту, пак, тие се заразуваат од прскање со авиони

Од средината на септември досега, бројките на новозаболени во земјава се двоцифрени, односно ситуацијата е стабилна и бројките се намалуваат. Нема „наплив на нови заболувања” како што се тврди во објавата. Во вториот дел од објавата се става знак еднаквост меѓу коронавируост и прскањето со авиони, односно се инсинуира дека оние кои имаат симтоми на вирусот се всушност отруени...

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси вклучително...

Партијата Родина неаргументирано тврди дека со прскањето со авиони САД ги контролира временските услови

Во 2016 година, првото истражување спроведено од Карнеги сајенс, Универзитетот на Калифорнија Ирвајн и непрофитната организација Ниар зиро покажа дека трагите што ги испуштаат авионите, а кои поддржувачите на теориите на заговори ги нарекуваат кемтрејлс (chemtrails) и ги сметаат за запрашување со хемиски и биолошки агенси, своевидна современа еугеника (спречување „инфериорните луѓе“ да имаат деца), можат многу лесно и...

Нема докази дека прекумерната смртност е резултат на вакцинацијата

Како што за Ројтерс потврдуваат независни експерти, со доведувањето во корелација меѓу целосниот број дози вакцини администрирани во Европа и стапките на смртност за само еден месец, се пропушта да се детектираат и другите потенцијални причини за смртноста и не се даваат никакви докази дека прекумерната смртност настанала токму поради вакцините против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Не е вистина дека „крисламот“ е официјална светска религија

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира спојување на...

Нема педофилски симбол во логото на филмот Хокус Покус

Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“. Но, адренохромот е хемиско соединение кое се користи како хемостатик.  Нема научна поткрепа за...

Антигенските тестови не се отровни ако се користат правилно и ако не се допира реагенсот

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Не е точно дека со брзите антигенски тестови масовно се загрозува здравјето и животот на населението. Тоа што ПЦР тестот постои, е само алатка за детекција на ковид-19, а не причинител на болеста. Иако е теоретски вистинито дека дел од вијалите содржат токсични супстанци, сепак, тоа не ги прави брзите антигенски...

Не е точно дека ОН работат на депопулација на планетата

Наспроти тврдењата во постот, Обединетите нации воопшто не се обидуваат да ја намалат светската популација и во нивните заложби не се застапени политики за уништување, туку за спасување на животи. Глобалните заложби на ОН не се однесуваат на тоа да му се наштети на населението туку да се подобри животот во различни области кои се глобален предизвик. ОН имаат...

Измислени приказни дека сатанисти киднапирале деца, а Трамп ги спасувал

Движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други), па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп. Не постојат докази за никакви киднапирања на деца, а уште...

Нема докази за воени бази што складираат храна и пијалоци за населението од целиот свет

Подземните тунели се „опсесија“ на поддржувачите на теориите на заговор, кои иако никогаш официјално не се откриени, ја пласираат дезинформацијата на социјалните мрежи. Следбениците на Кју Анон користат компилации од фотографии со ниска резолуција од објекти кои не само што немаат никаква врска со пронаоѓање на тони и тони храна и пијалоци, туку и се во приватна сопственост, пишува...

Повторно се актуелизира приказната дека роботи убиле 29 научници во Јапонија

Новинарката и теоретичарка на заговор Линда Мултон Хау во својата приказна има многу недостатоци. Таа не го идентификува изворот на информациите, не го кажува името на фабриката каде што се случил наводниот масакр, ниту пак посочува некое од имињата на научниците кои наводно биле убиени. Иако таа тврди дека извештаите за овој инцидент биле сокриени од Владата, сепак,...

Не е точно дека на Олимписките игри во 2012 година била предвидена ковид пандемијата

Наспроти изнесеното во објавата, церемонијата од 2012 година траеше четири часа, а акцент беше ставен на британската историја и култура. Во еден дел од церемонијата ѝ се изразува почит на Националната служба за здравство на Велика Британија (владина програма која обезбедува здравствени услуги по ниски цени), но тоа во ниту еден случај не ја предвидува пандемијата, односно коронавирусот кој...

Не е вистина дека Oпштина Велес потплатува поединци со по 100 евра за да молчат за последици од вакцина

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, на социјалните мрежи беа пласирани повеќе обвинувања за наводно потплаќање од страна на Светската здравствена организација за да се „запише дека некој починал од ковид-19“, но сите тие приказни немаат поткрепа во реалноста, туку претставуваат теорија на заговор. Вистиномер уште од почетокот на пандемијата се бори со демистифицирање на таквите измислици, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Кју Анон поддржувачите шират измислици дека Бајден и неговата сопруга се клонови

Тврдењата за наводен двојник на американскиот претседател Џо Бајден и на неговата сопруга Џил не се втемелени во реалноста и во фактите, туку се производ на бујна фантазија испреплетена со заговорнички приказни на Кју движењето за наводна контрола и доминација на светот од страна на длабоката држава и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп како спасител на светот од...

Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно,...