fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Нема пандемија на вакцинирани, не е точно дека тие се изложени на поголем ризик

Во постот  е злоупотребен написот на Вашингтон пост којшто наменски и селективно се прикажува. Наспроти тврдењето во објавата, статистиките кои покажуваат дека голем дел од смртните случаи од ковид-19 се меѓу вакцинираните луѓе го одразуваат фактот дека повеќето луѓе се вакцинирани, а не дека вакцините се неефикасни. Во написот на Вашингтон пост јасно стои дека токму невакцинираните се изложени...

Воздухот е загаден, ама не нè „запрашуваат“ со авиони

Воздухот во земјава е загаден до ниво да се препорачани посебни превентивни мерки за населението да се заштити од штетните последици, меѓутоа не е точно дека тоа е на каков било начин поврзано со контрејлс, трагите што авионите ги оставаат позади себе поради кондензацијата. Дополнително, не е точно дека во земјава народот е болен поради запрашување со авиони, како...

Смртта на пејачот Масимо Савиќ не е поврзана со вакцината, ниту со срцев или мозочен удар

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, при што се прави чуден линк меѓу смртта на пејачот Масимо Савиќ со неговите ставови за вакцинацијата. Тоа што пејачот бил поборник за вакцинацијата, не го прави припадник на „сатанисти и глобалисти“. Неговата смрт не е поврзана ни со срцев удар, ни со мозочен удар, туку е поради канцер на белите...

Фиктивно сценарио за пандемија извадено од контекст

Во конкретниот случај се работи за монтажа на фиктивно сценарио за пандемија со вистински интервјуа од Бил Гејтс. Прикажан е видеоматеријал за симулација на пандемија во кој се презентира како би изгледало справувањето со пандемијата и како тоа би било објавувано на вестите, а во горниот десен агол од мониторот е испишано дека станува збор за фиктивно сценарио....

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија...

Старо видео манипулира дека невакцинираните во Аргентина не можат да извадат пари од банкомат 

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од банкомати, во конкретниот случај...

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно пренесувањето на синцициски вирус...

Вакцините не се најголемото убиство во историјата на медицината

Во постот неточно се тврди дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината. Во САД, на пример, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина. Постот, исто така, инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Повеќе...

Хитлер бил „личност на годината“ на Тајм, но поради неговото негативно влијание

Тврдењето дека изборот на Хитлер за „Човек на годината“ на „Тајм“ покажува дека историјата се повторува и дека како по учебник се повторуваат настаните, правејќи споредба со прогласувањето на Зеленски за личност на годината,  нема никаква врска со реалноста. Тајм објасни дека критериумите за избор се засноваат на влијанието – добро или лошо – што таа личност го има...

Изгубени во преводот: Баленсијага не значи „Баал е крал“, модниот бренд нема никаква врска со сатанизмот

Заговорнички групи на социјалните мрежи кои до своите „докази“ дошле преку Гугл транслејт, го обвинија модниот бренд Balenciaga дека го велича сатанизмот. Ваквите обвинувања ги поттикна  режисерот и продуцент со претензии за политичка кариера во САД (во републиканскиот тим) Роби Старбак, кој го внел името Balenciaga во Гугл транслејт како „Baal enci aga“, и како што вели неговиот превод...

Невистинити се тврдењата дека човекот никогаш не стапнал на Месечината

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле, туку дека станува збор за голема измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Не е вистина дека Џорџ Сорос починал

Невистинитото тврдење се сподели на социјалната мрежа Фејсбук и стана многу вирално со голем број на споделувања, реакции и коментари. Ова не е прв пат да се шират гласини дека милијардерот починал. Дезинформацијата, која се шири низ целиот свет, стигна и до македонските корисници на социјалните мрежи. Првично, оваа неточна информација беше објавена на Твитер, пишува „Вистиномер“ во својата...

Не е точно дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Нема докази дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни и фалсификувани. За да избегне да пријавува помалку смртни случаи отколку што навистина има, во Финска се користи системот да се пријавуваат и смртните случаи СО ковид и смртните случаи ОД ковид. За делот од насловот, пак, во кој...

Во вакцината на Фајзер нема наночипови и графен оксид

Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија и тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело. Проверувачи на факти од Нов Зеланд веќе ги оценија како неточни ваквите тврдења, само изнесени од страна на друго лице. Експертите се децидни...

Клаус Шваб не бил тајно сниман и не рекол дека има марионети во џеб

Во постот погрешно се тврди дека станува збор за изјава на Шваб во која тој е снимен како нешто да признава. Не се работи за никаква снимка од скриена камера, ниту пак, за некое компромитирачко признание за наводно поседување во џеб на сите организации и сфери, туку Клаус Шваб дава опис на тоа кои се соработниците на Светскиот економски...

Не е вистина дека Мел Гибсон изјавил оти „Холивуд е болен, а властите јадат месо од бебиња и пијат крв“

Портпаролот на Мел Гибсон, пренесе Ројтерс, изјавил дека изнесените тврдења се 100 проценти лажни. Порталот за проверка на факти Раскринкавање наведува дека првпат оваа лажна изјава со наводното шокирање на светот и за наводниот развратен Холивуд, е објавена на 30 ноември 2017 година. Во регионот, вклучително и во Србија, бројни портали го имаат објавено текстот чиј наслов се споделува...

Не е точно дека се убиваат деца за адренохром за подмладување на елитите ширум светот

Наспроти овие недокажани измислици, кои се споделени во постот, вистината е дека  адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на негов дериват за лекување на загубата на крв како хемостатик. Тврдењата дека има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите. Ниту...

Не е вистина дека вакцините за грип убиваат луѓе

Во објавата се изнесени неточни тврдења, тие освен што се субјективни, базирани на немедицински пристап и без никакви докази, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје. Според Светската здравствена организација (СЗО), вакцинацијата е најефективниот начин за спречување на инфекција и тешки исходи предизвикани од вируси на грип. Ризиците од несакан настан по вакцинацијата против грип се многу поретки...

Сифилисот постои со години, не „никнал“ после „ковид тиранијата“

Изнесеното во објавата што се споделува на Фејсбук е надвор од контекстот на прилогот на којшто се повикува самиот пост. Во оригиналната вест воопшто не се говори за никакво воскреснување на сифилисот, туку станува збор за едукативен, информативен напис за сексуално пренослива болест која отсекогаш постоела, и пред ковид пандемијата и по неа. Извештаи на Министерството за труд и...

Системот за криптовалути на Мajкрософт нема никаква врска со вакцините

Постот го обвинува Бил Гејтс дека ќе копа криптовалути преку чиповите кои се вградени во луѓето што се вакцинираа. Вметнатите принтскринови во оваа објава, кои наводно го прикажуваат планот на Гејтс, се однесуваат на оригинален патент поднесен од Мајкрософт,  но овој патент не вклучува план за микрочипирање на поединци. Патентот всушност воопшто не спомнува чипови, системот за криптовалути развиен...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...