fbpx

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

-

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија ги нарекуваат чиста фантазија и бесмислица. Од Фајзер за проверувачите на факти од Нов Зеланд велат дека на нивната листа на состојки нема електронски компоненти во составот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека во вакцината на Фајзер против ковид-19 има микрочипови и дека сите кои ја примиле оваа вакцина, се чипирани. Ваквото тврдење не е точно.

Кај се сега тие што се смееја декка ќе не чипуваат, вистината е како шило, некогаш е малку спора, али секогаш излегува на виделина, стои во објавата што ја анализираме.

Постот е придружен со видео во кое извесен д-р Дејвид Никсон од Австралија зборува за неговото наводно истражување на составот на вакцината на Фазјер. Д-р Никсон објаснува дека го оставил шишенцето од вакцината да се исуши преку ноќ, а потоа го ставил под микроскоп и следното утро и забележал кристали. Кога ги оставил тие кристали, според Никсон, тие во наредните денови „како да еволуирале во нешто што изгледа како микрочип“.

Микрочипови кои сами се склопуваат. Ги посматрав овие структури неколку недели и видов дека имаат светла кои се палат и гасат како ЛЕД. Многу личат на чипови. Ги скенирав со блутут скенер и се чинеше како да додаваат МАК адреси кои недостигаат. Ќе го потврдам тоа со некои инжинери, вели д-р Никсон во разговорот со новинарот.

Новинарот потоа го прашува дали овие чипови ги довел во врска со некои надворешни влијанија, како на пример со рутери, мобилни телефони или 5г фрекфенции.

Да, секако, тие се развиваат само во присуство на електромагнетни зрачења. Оние слајдови кои ги заштитив од електромагнетни зрачења, особено од ви-фи уредот на работа, не развиваа микрочипови, посочува д-р Никсон.

На крај, тој вели дека не го објавил истражувањето и наводите за да можат другите истражувачи да го користат, но детално зборувал за тоа и ќе се потрудел да го објави.

Кој е д-р Дејвид Никсон? Д-р Никсон е општ лекар од  Бризбејн, Австралија кој неодамна добил суспензија од 9 месеци поради недолично однесување, односно афера со поранешен пациент. Вистиномер и досега ги има дебанкирано неговите тврдења дека во вакцините има графен оксид и нанотехнологија.

Што се однесува до неговото тврдење дека во вакцината на Фајзер нашол микрочипови кои реагираат на електромагнетни зрачења и 5Г фрекфенција може да се каже дека тоа не е поткрепено со никакви медицински и научни докази и факти. Со самото тоа што кажува дека истражувањето не го објавил за да можат да го проверат и други истражувачи, истото нема никаква научна тежина.

Тврдењата дека во вакцините на Фајзер има микрочипови не се нови и тие се пласираат во јавноста од појавата на пандемијата и на ковид-вакцините и истите ги шират антиваксерите. На оваа тема Вистиномер досега има пишувано многу пати.

Вистината е дека состојките на вакцините се позната и јавна информација и ниту една вакцина не содржи микрочип. На листата на состојки на вакцината на Фајзер која што е објавена од Медсејф, регулаторно тело за вакцини во Нов Зеланд, нема такви компоненти.

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.

Нема ниту еден научен факт кој ја поткрепува теоријата дека преку вакцината во телото на човекот се вметнува чип.

Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија ги нарекуваат чиста фантазија и бесмислица.

Од Фајзер за проверувачите на факти од Нов Зеланд велат дека на нивната листа на состојки нема електронски компоненти во составот.

Експерти тврдат дека наводите за нанотехнологија во вакцините против ковид-19 се невистина.

Нема воопшто електронски компоненти во нив. Вакцината на Фајзер е всушност солена вода со честички кои пловат, а кои се направени од масти познати како липиди, а кои содржат деликатни делови од мРНК што е многу честа молекула во нашите тела, вели доктор Кајли Квин од Универзитетот за здравје и биомедицински науки.

Според него, потребни се напредни форми на микроскопија за да се погледне надворешноста на липидните наночестички, а камо ли нивните состојки.

Би било предизвик, ако не и невозможно, директно да се гледаат состојките на честичките формирани од овие липиди под микроскоп. Зошто нивната мала големина ги става во нано опсегот. Тие се околу 60 до 100 пати помали отколку бело крвно зрнце така што може да заличат на мали точки под нормален микроскоп, додава доктор Квин.

Што се однесува до тврдењето дека вакцините се поврзани со 5Г технологијата, Вистиномер и нив ги има дебанкирано во неколку наврати.

Теоријата на заговор дека 5Г мрежата и микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението – каде се движи, што прави, што купува, па дури и идеите дека со непостоечките чипови ќе се контролира мисловниот процес на индивидуата која е вакцинирана, е невистинита. 5Г технологијата во комуникациите и вакцинацијата во здравството не се никако поврзани. А како што веќе објаснивме погоре, волуменот на вакцините е толку мал, што нема ниту теориска шанса во нив да се вметне чип.

Од сето погоре можеме да  заклучиме дека вакцините на Фајзер не содржат никакви чипови и тие никако не се поврзани со 5Г технологијата. Според тоа, постот кој го анализираме, го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...