петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: мРНК | 25 резултати

Не е точно дека вакцините се опасни и дека се најголема измама на светот

февруари 8, 2023

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно придонесува за намалување на морбидитетот и морталитетот од заразните заболувања. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би […]

Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

јануари 26, 2023

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека ќе им се помага на животните да преживеат или со вакцинација […]

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

декември 26, 2022

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на […]

Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

декември 25, 2022

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, […]

Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

декември 15, 2022

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може […]

Нема докази дека крвта на вакцинираните е небезбедна за трансфузија

декември 12, 2022

Неосновани се тврдењата дека крвта од вакцинирани лица е небезбедна за трансфузија, односно за некој друг да ја прими. Од Институтот за трансфузиона медицина за Вистиномер велат дека врз основа на Европските водичи за крводарување и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, крводарувањето е безбеден процес кај лица кои се вакцинирани или прележале […]

Неточно е тврдењето дека вакцините против ковид-19 се генетски модифицирани

ноември 24, 2022

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, официјално потврдува дека вакцината против ковид-19 не влегува во интеракција со нашата ДНК на било каков начин. И УНИЦЕФ исто така потврди дека вакцините против ковид-19 не можат да ја променат човечката ДНК. Во огромниот број светски институции, кои се релевантни и потврдуваат дека до ваква промена […]

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се генетска терапија, како што невистинито тврди објава на Фејсбук

јуни 13, 2022

Говорот на шефот на фармацевтскиот оддел на Бајер, Стефан Орлих не содржи тврдење дека вакцината против ковид-19 е генска терапија, како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Според Орлих, фактот што светската популација ја прифати мРНК вакцината, може да отвори нови патишта за технологии во медицината како генска терапија, технологии кои Бајер ги […]

Вистиномер: Паушално се тврди дека вакцинацијата на децата против ковид-19 е агенда за нивно убиство

јуни 9, 2022

Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја одобри вакцината против ковид-19 за децата. Извршниот директор и коосновач на „БајоНтек“, Угур Шахин, веќе изјави дека резултатите се „први и единствени откриени долгорочни податоци кои ја демонстрираат безбедноста и ефикасноста на вакцината против ковид-19 кај поединци на возраст од 12 до 15 години“. Мајо […]

Вистиномер: Во вакцините против ковид-19 нема канцерогени поттикнувачи

мај 6, 2022

Во сите упатства за користење на вакцините, никаде канцерот не е наведен како несакан ефект. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два. Доктор Марк Шломчик, претседател на Одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицина, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се […]

Вистиномер: Анонимни мејлови не се доказ дека мРНК вакцините ги зголемиле невролошките заболувања

март 25, 2022

Пласираните тврдења не се поткрепени со никакви медицински докази и факти, туку се темелат на анонимни извори и наводи испратени по електронска пошта. Политифакт пишува дека клиничките испитувања со десетици илјади учесници не покажале никаква поврзаност помеѓу вакцините и невролошките нарушувања, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук пласира информации дека […]

Вистиномер: мРНК вакцините немаат влијание врз бојата на млекото на мајките доилки

јануари 26, 2022

На објавата ѝ недостига контекст, односно важната информација од Упатството на ВАЕРС како да се толкуваат подтоците коишто се објавуваат во системот. Извештаите до ВАЕРС можат доброволно да ги достават сите, вклучително и давателите на здравствени услуги, пациентите или членовите на семејствата. Извештајот за несакан настан до ВАЕРС не е доказ дека вакцината е причина […]

Вистиномер: Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

декември 16, 2021

Наспроти тврдењата во постот, во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во „липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот „нано” само значи дека […]

Вистиномер: Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

декември 4, 2021

Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19 не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се […]

Вистиномер: Во вакцината против ковид нема ебола

ноември 18, 2021

Повеќе студии покажуваат дека вакцината против ковид-19 генерира зајакнувачки за имунитетот бели крвни зрнца, наречени Т клетки, специфични за ковид-19. Овие Т клетки помагаат имунитот систем да го организира одговорот и да ги убие клетките кои се инфицирани со вирусот ковид-19. Самиот производител „Џонсон и Џонсон“ гарантира дека нема да се заразите со ебола вирусот […]

Вистиномер: Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

ноември 16, 2021

мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши […]

Вистиномер: Не е точно дека никој во „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирал против ковид

ноември 12, 2021

Изјава на доктор Угур Сахин, еден од основачите на компанијата „Бионтек“, дадена на крајот на 2020 година, е злоупотребена во постот за лажно да се тврди дека вработените, сопствениците и директорите на „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирани. Тоа не е точно. Угур Сахин и неговата сопруга Озлем Туречи, исто така, основач на „Бионтек“, во […]

Вистиномер: Вакцините против ковид не се генетска терапија и не содржат графен оксид

август 4, 2021

Пост шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето […]

Вистиномер: Нема докази дека 460 научници и лекари во Јапонија барале од владата да престане вакцинацијата

јули 18, 2021

Вистиномер.мк рецензира пост на Фејсбук во кој се тврди дека 460 научници и професори од Јапонија пред 2 дена до јапонската влада испратиле документ, во кој бараат итно да сопре вакцинацијата против ковид-19, која, исто така, во постот се нарекува и „генетска терапија“. Во постот се претставува настанот како нешто што традиционалните медиуми го прикриле од јавноста, а […]

Вистиномер: Антиваксерство со злоупотреба на името Исусово и преку лажно тврдење за вакцините

мај 5, 2021

Фејсбук пост со наслов „Не ви ги даваме децата“, преку злоупотреба на религиски чувства и лажни информации повикува на антиваксерство. Настрана фактот што децата засега не подлежат на вакцина против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во анализа што подолу ја пренесуваме во целост. Објава на Фејсбук на македонски јазик во која има порака-проглас насочен кон јавноста со […]

Страна 1 од 2