fbpx

Клаус Шваб не бил тајно сниман и не рекол дека има марионети во џеб

-

Во постот погрешно се тврди дека станува збор за изјава на Шваб во која тој е снимен како нешто да признава. Не се работи за никаква снимка од скриена камера, ниту пак, за некое компромитирачко признание за наводно поседување во џеб на сите организации и сфери, туку Клаус Шваб дава опис на тоа кои се соработниците на Светскиот економски форум во Давос. Во ниту еден момент економистот не се осврнува на тоа дека овие луѓе ги држи под свое, туку само кажува кои се партнерите и публиката на настанот. Интервјуто е снимено пред 15 години, видеото е јавно, не е направено со скриена камера и може да се најде на Јутјуб уште од 2007 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост, објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „креаторот на големиот ресет, Клаус Шваб не знаејќи бил сниман од скриена камера и се фалел дека во својот џеб има марионети меѓу кои политичари, медиуми, а особено експерти и научници“. Потоа се додава неговата наводна изјава:

Ако ги погледнам нашите засегнати акционери, го имаме бизнисот, се разбира, како многу важна публика и ја имаме политиката. Имаме континуирани партнерства со многу влади ширум светот. Се разбира, имаме невладини организации, имаме синдикати, ги имаме сите тие различно ориентирани медиуми, се разбира, и многу важни експерти и научници и академици, бидејќи ако гледаме во иднината, мислам дека треба да сме во потрага за нови решенија. а новите решенија ќе бидат и тоа како водени од технолошкиот развој. 

Во постот е прикажано и наводното прашање од наводен новинар кој имал скриена камера:

– Имате дури и верски водачи, нели? – прашува човекот (веројатно новинар) со скриена камера.
„Верски водачи. Имаме и социјални претприемачи, многу важни социјални претприемачи,“ завршува Клаус Шваб.”
Но, не се работи за никаква снимка од скриена камера, ниту пак, за некое компромитирачко признание за наводно поседување во џеб на сите организации и сфери, туку Клаус Шваб дава опис на тоа кои се соработниците на Светскиот економски форум. Видеото е јавно, не е направено со скриена камера и може да се најде на Јутјуб уште од 2007 година.

Во видео материјалот основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб ги опишува партнерите на форумот и во ниеден момент не изјавува дека во џеб ги има политичарите, медиумите или експертите и научниците. Видеото не е материјал снимен со скриена камера, туку е извадок од вообичаено интервју објавено и на каналот на Светскиот Економски Форум. Во ниту еден момент од интервјуто Шваб не ја дава цитираната изјава која е посочена во постот што го рецензираме, дека наводно ги има во џеб сите горенаведени и никогаш за нив не зборува во контекст на тоа дека се некакви марионети.

Улогата на Светскиот економски форум е да се подобри состојбата во светот на начин што ќе се здружат бизнисмените, политичарите, академиците и други лидери од заедниците за да се создадат програми на индустриско ниво глобално и регионално.

Во постот погрешно се посочува дека станува збор за изјава на Шваб во која тој е снимен како нешто да признава. Исто така,  не станува збор за компромитирачки материјал во кој тој е снимен дека нешто изнудено изјавува без да е свесен дека е сниман. Се работи за вообичаено интервју во кое тој зборува за соработниците на организацијата. Одговорот Шваб го дава на прашањето кои се засегнатите страни, во врска со работните групи на состаноците на Светскиот економски форум во Давос во 2007 година. Во ниту еден момент економистот не се осврнува на тоа дека овие луѓе ги држи под свое, туку само кажува кои се партнерите и публиката на настанот. Интервјуто е снимено пред 15 години.

Повеќе проверувачи на факти од странство дојдоа до истиот заклучок .

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е точно дека Клаус Шваб бил сниман со скриена камера и дека признал дека во џеб има политичари, медиуми, научници религиозни лидери и експерти. Видеоматеријалот во склоп на постот што го рецензираме (во линкот од постот), открива дека Шваб директно гледа во камерата и се однесува како точно да знае дека е сниман. Исто така, во постот невистинито се тврди дека Шваб рекол оти во џеб ги има политичарите, медиумите, а особено експертите и научниците. Такво нешто тој во ниеден момент не изјавува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...