Системот за криптовалути на Мajкрософт нема никаква врска со вакцините

-

Постот го обвинува Бил Гејтс дека ќе копа криптовалути преку чиповите кои се вградени во луѓето што се вакцинираа. Вметнатите принтскринови во оваа објава, кои наводно го прикажуваат планот на Гејтс, се однесуваат на оригинален патент поднесен од Мајкрософт,  но овој патент не вклучува план за микрочипирање на поединци. Патентот всушност воопшто не спомнува чипови, системот за криптовалути развиен од Мајкрософт на ниту едно место не сугерира вградување чип во човечко тело. Според патентот, криптовалути може да се ископуваат преку мозочен бран или телесна топлина што се емитува од корисникот при користење на разни гаџети, паметни часовници или други уреди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека фондацијата на Бил Гејтс работи на систем на криптовалути коишто човекот ќе ги генерира преку вградените чипови од вакцината против коринавирусот. Ова е невистина.

HU-MAN or TRANS-HUMAN!

WO2020060606 – СИСТЕМ НА КРИПТО ВАЛУТИ КОЈ КОРИСТИ ПОДАТОЦИ ОД ТЕЛЕСНА АКТИВНОСТ!

Да повториме!

Сега е малку појасно, нели?

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс работела на систем за крипто валута што е поврзан со системот за дигитални пасоши и блокчејн.

Човекот станува машина за генерирање на крипто валути, која ископува крипто додека ги извршува секојдневните активности.

Генска терапија/манипулација со mRNA го прави транс-човекот неприродно суштество, подготвено да се контролира преку нанотехнолошкиот графен, електромагнетни фреквенции 5G EMF бранови.

Ако радијацијата прво не ги испржи.

Овие крипто, исто така, може да се одземат ако рударите (транс-луѓето) не ја послушаат владата. Можете да ги проверите патентите за овој систем. Ова е причината зошто им требаше масовна вакс!

 

Ширењето на коронавирусот предизвика низа теории на заговор во врска со тоа од каде потекнува, како се шири и кој е одговорен за тоа. Една таква теорија, која вирално се ширеше последните речиси три години, го обвини Бил Гејтс за болеста и тврди дека поранешниот извршен директор на Мајкрософт започнал пандемија за да може да вметне микрочипови во луѓето ширум светот под маската на обезбедување вакцинации или за други цели.

Таква е и оваа објава која го обвинува Бил Гејтс дека ќе копа криптовалути преку чиповите кои се вградени во луѓето што се вакцинираа.

Вметнатите принтскринови во оваа објава, кои наводно го прикажуваат планот на Гејтс, се однесуваат на оригинален патент поднесен од Мајкрософт. Но, овој патент не вклучува план за микрочипирање на поединци. Патентот всушност воопшто не спомнува чипови.

Системот за криптовалути развиен од Мајкрософт на ниту едно место не сугерира вградување чип во човечко тело. Според патентот, криптовалути може да се ископуваат преку мозочен бран или телесна топлина што се емитува од корисникот при користење на разни гаџети, паметни часовници или други уреди.

На 26 март 2020 година, Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) го објави патентот на Мајкрософт во врска со системот што користи различни типови сензори. Според патентот, биометриските сензори ќе се користат за откривање на активноста поврзана со специфични задачи, како што се гледање реклами или користење на одредени интернет услуги, и ќе се трансформираат во податоци.

Системот ќе може да користи и физичка активност за ископување криптовалути: сензорите ќе одредуваат отчукување на срцето и ќе ги користат податоците во процесот на таканаречено копање што преставува процес на заработка на дигитална валута од уреди преку посебен алгоритам кој бара огромен ресурс на електрична енергија.

Всушност, сензорите би можеле да се вградат во уреди за носење како што се паметни часовници, мобилни телефони, лаптопи или таблети. Тоа значи дека сензорот вграден во мобилен телефон ја открива активноста потребна од корисникот за генерирање на криптовалутата. „Сензорот“ може да биде и негова самостојна компонента.

Во ниту еден момент Микрософот во патентот не сугерира дека сензорот би бил микрочип вграден во кожата на една личност.

Дека преку вакцините против коронавирусот ќе им се вградуваат чипови на луѓето е една од најраспространите дезинформации. На социјалните мрежи се појавија повици граѓаните да не се вакцинираат затоа што вакцините, наводно, содржат чипови преку кои ќе се следи населението. Вистината е дека состојките на вакцините се позната и јавна информација и ниедна вакцина не содржи микрочип. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.

Исто така, од појавата на коронавирусот, милијардерот и филантроп Бил Гејтс континуирано е мета во објави на социјални мрежи кои се полни со дезинформации. Дезинформациите поврзани со Гејтс најпрво се шират на англиски јазик, а потоа се преведуваат и прилагодуваат на многу други јазици, вклучително и на јазиците од нашиот регион.

Оваа објава е дел од оркестриран напад врз Гејтс кој почна од многу одамна, но екстремно се засили по појавата на коронавирусот, во која тој се претставува како непријател на светот. Објавите во кој што тој најчесто е претставен како „сатана“ и „демон“ добиваат голема видливост, како што впрочем е и оваа објава која е поради сите наведени факти ја оценуваме како невистинита.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...