fbpx
Таг: студентски домови

таг: студентски домови

Објавени списоците со студентите примени во студентските домови

Објавени се списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а аплицирањето за бруцошите започнува од понеделник, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Тие може да се видат на следниот линк. Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој...

Ковид пандемијата за 34,5 отсто го намали бројот на студенти и ученици сместени во домовите

Во земјава имаме вкупно 36 домови и интернати, а поради ковид-19 пандемијата во изминатава учебна година во нив биле сместени за 34,5 отсто помалку студенти и ученици во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2020/2021 година, вкупниот број на ученици и на студенти сместени во домовите за ученици во основното и во...

Објавен конкурсот за прием на студенти во државните домови за студиската 2021/2022

Министерството за образование и наука (МОН) ги известува студентите запишани на јавните и на приватните високо-образовни институции во државата, дека е објавен Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и во други објекти за сместување во државава, за студиската 2021/2022 година. „За академската 2021/2022 година за студентите се обезбедени 5.235 легла во државните студентски...

Една година по затворањето на факултетите и студентските домови: „Никој не можеше да претпостави што нѐ чека“

Студентски Дом - Гоце Делчев во Скопје
Со препорака на Комисијата за заразни болести, а на одлука на Владата, на денешен ден минатата година беше соопштено дека се затвораат сите градинки, основни и средни училишта, високи школи и факултети во државата. Наставата во основното, средното и високото образование беше прекината, а беше донесена одлука да се затворат и сите ученички и студентски домови, па станарите кои...

Проектот за енергетска ефикасност на студентските домови ќе чини 24 милиони евра

Проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, ќе чини околу 24 милиони евра, а рокот за реализација на овој проект е 2025 година, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамет Хоџа на новинарско прашање на Мета.мк. „Средствата за овој проект за 2021 година се предвидени во предлог буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука“ изјави...

Владата ја усвои информацијата за проект за енергетска ефикасност на студентските домови

Усвоена е информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, кој се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на студентски домови во државна сопственост, соопштија од Владата по одржаната седница. Со овој проект, предвидено е зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна...

Министерството за образование и Државниот студентски центар во несогласување околу повртатот на средства за студентите

Студентите кои уплатија за сместување и исхрана во државните студентски домови за месец март минатата година, кога домовите беа затворени заради пристигнувањето на корона вирусот во државата, сè уште не ги добиле назад уплатените средства. Според одлуката која во април ја донесе управниот одбор на Државниот студентски дом „Скопје“, студентите кои имаа легло беа ослободени од плаќање партиципација за...

МОН ги објави резултатите за финансиска помош за студентите и за дополнително примените во домовите

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од повикот за доделување на еднократна финансиска поддршка за студенти за покривање на дел од трошоците при студирањето. Листата на студенти на кои им се одобрени средства за покривање на дел од трошоците за партиципација на факултетите каде студираат можете да ја најдете на овој линк. Студентите ќе можат да ги искористат...

Со заштитни маски и на дистанца студентите денеска чекаат ред за вселување во студентските домови (галерија)

По шест месеци, со посебни протоколи студентските домови повторно ги отвораат своите врати, откако во март беа затворени согласно препораките од Владата за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот. Годинава, иако наставата во најголем дел од факултетите ќе се одвива онлајн, сепак домовите се отвораат и тоа со намален капацитет. Мета.мк го посети студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“,...

Во понеделник студентите се враќаат во студентските домови под посебни протоколи

Во понеделник започнува сместувањето на студентите во студентските домови со нов начин на функционирање со протоколи и намален капацитет, изјави директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски на денешната посета во „Кузман Јосифовски Питу“, заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Секоја соба каде што има две легла ќе се смести само еден студент, а онаму каде што...

Студентските и ученичките домови ќе се отворат со намален капацитет

Студентските и средношколските ученички домови повторно ќе бидат отворени под услов во една двокреветна соба да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета ќе може да бидат сместени максимум две лица. Оваа одлука вчера ја донесе Владата по препораката на Комисијата за заразни болести. Поради оваа одлука Владата до Собранието ќе достави Предлог - закон...

Сместување во студентски дом е далеку побезбедно и поевтино отколку под кирија, велат студентските лидери

Неизвесно е дали, кога и под кои протоколи повторно ќе се отворат студентските домови за сместување на студентите во академската година што следи. Студентите ќе мора да ја почекаат конечната одлука, која треба да ја соопшти Комисијата за заразни болести. За ова информираше и министерката за образование и наука, Мила Царовска на прес-конференција. „Протоколите за отворање на училишните и студентските...

Со 85 милиони евра од странски фондови ќе имплементираме енергетска ефикасност во земјава (инфографик)

Македонската влада и локалните самоуправи во наредниов период ќе имаат на располагање околу 85 милиони евра обезбедени од странство за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава. Станува збор за покрупни проекти на национално ниво за коишто се издвоени позначајни финансиски средства, при што дел од нив веќе се во фаза на реализација, а дел сè уште се...

Од година во година опаѓа бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати

Во последните седум години за 29 отсто опаднал бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати за време на школувањето. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување и исхрана, но бројот на оние што престојуваат во нив се намалува низ текот на годините. Па така, ако во учебната и академска 2012/2013 година нивниот вкупен...

Студентите се жалат дека им недостигаат лични работи од собите во „Стив Наумов“, надлежните работат на случајот

Студентски дом „Стив Наумов“
Облека, обувки, средства за лична хигиена, постелнина се само дел од личните работи за кои група студенти сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје тврдат дека им недостасуваат во собите. Случајот прво го споделија на социјалните мрежи, при што наведуваат дека истото го забележале при иселувањето од домот. Тие обвинуваат дека предметите исчезнале во периодот кога домовите беа затворени...

Иселувањето на студентите од студентските домови ќе започне на 15 јуни

На вчерашната седница, Владата ги усвои протоколите за иселување на студентите од објектите на државните студентски домови. „Процесот ќе започне во понеделник на 15.06.2020 и ќе се спроведува во период до 03.07.2020 година, во работните денови од 08:00 до 16:00 часот“, информираше претседателот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски. Студентските домови се затворија на 11 март, со цел спречување на ширењето...

Студентските домови ќе се отворат кога Комисијата за заразни болести ќе каже дека е безбедно

Студентите во Србија најверојатно ќе се вратат во студентските домови кон средината на месец мај. Оваа одлука ја соопшти тамошниот министер за образование, а следуваше по најавата дека некои факултети ќе спроведат испитни сесии кон крајот на месецов. Северниот сосед има безмалку 10.000 заразени со корона-вирусот, што е убедливо највисока бројка во регионот. Кај нас, бројот на случаи до...

Николовски: Целосна дезинфекција на студентските домови за две недели

Поради мерките за спречување и ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука со која на 11 март се затворија студентските домови. Тие во моментов се празни, иако имаше најава дека е можно да се користат како простор за карантин. Директорот на Студентскиот центар - Скопје, Дарио Николовски, вели дека домовите се спремни доколку треба повторно да се отворат оваа година....

Студентите од државните студентски домови нема да плаќаат партиципација за првите 11 дена од март

Сите студенти кои користат легло во студентските домови во Скопје, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Гоце Делчев“ нема да плаќаат партиципација за сместувањето и исхраната во домовите за месец март 2020 година. Оваа одлука ја донесе управниот одбор на Државниот студентски центар „Скопје“ и се однесува на периодот од 1 до 11 март, кога стапи и одлуката на Влада...

Студентите имаат четири дена да ги подигнат личните работи од студентските домови

Почнувајќи од денес, студентите ќе имаат четири дена да ги посетат студентските домови со цел да ги подигнат своите лични работи, информираше директорот на Државниот студентски дом - Скопје, Дарио Николовски. Поради мерките за ограничено движење, посетите ќе се одвиваат во вторник од 12 до 16 часот, а од среда до петок во период од 9 часот изутрина до 13...