Усвоена е информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, кој се однесува на унапредување на енергетски-ефикасна реконструкција и модернизација на студентски домови во државна сопственост, соопштија од Владата по одржаната седница.
Со овој проект, предвидено е зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност. Програмата ќе се фокусира на студентски домови во државна сопственост во: Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип.
Заедно со обновата на енергетската ефикасност на зградите и структурното зајакнување, основните мерки за удобност ќе бидат суштински дел од Програмата, како што е реновирање на санитарни инсталации, обнова на електрична опрема, безбедносни мерки, стандардни работни соби, итн. со цел да се подобри средината за живеење и учење за студентите.
Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го вклучи студентскиот дом „Стив Наумов“ како приоритетен во проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“.