понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: средношколци | 291 резултати

Во „Шорткат“ вечерва го третираме развојот на алтернативен туризам во Малешевијата

декември 15, 2022

Во најновата епизода на „Шорткат“ како главна тема ги третираме можностите што ги нуди алтернативниот туризам во Малешевијата, од каде имаме снимки и изјави на ентузијасти кои основале свои зелени бизниси во овој регион и се обидуваат да ги привлечат младите кон нивен развој. Во „Шорткат“ вечерва ќе информираме и за одржаната дебата за млади […]

МОН: Изготвени нови предлог-закони за средно образование и за средно стручно образование и обука

декември 13, 2022

Преку посебна работна група е изготвен нов предлог-закон за средно образование, во кој централно место, покрај бројните нови права и можности за учесниците во воспитно-образовниот процес во средните училишта, има и ангажирањето на образовните асистенти по истиот принцип како и кај основните училишта, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Со новиот Закон за […]

Мета факт: Средношколците не ги добија ветените таблет-компјутери, постапката е во тек

декември 13, 2022

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“ вети дека сите ученици во училиштата за средно образование и сите професори ќе добијат таблет-компјутери, како и дека за користење на опремата, наставниот кадар ќе биде обучен. На ова ветување, наводно, од град Скопје во моментов се работи, па затоа го […]

Повеќе вирусни инфекции ги полнат ординациите, капацитетот на Институтот во Козле речиси исполнет

декември 13, 2022

Вирусни инфекции кои во најголем дел ги напаѓаат горните дишни патишта, ги полнат амбулатнтите со пациенти од сите возрасти. Освен амбулантите, полни се и собите во Институтот за белодробни заболувања во Козле, каде што има капацитет од 20 болнички легла. Како што за Мета.мк вели директорот д-р Беким Зеќири, во собите има по два кревети, […]

Македонските средношколци со четири бронзи на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки

декември 12, 2022

Четири бронзени медали освоија македонските средношколци што учествуваа на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, соопшти од Друштвото на физичари. Добитници на медалите се: Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола; Теона Ана Георгиевска, ученичка во […]

Нова дојава за бомба во училиштата, по проверките учениците се вратиле на настава

декември 9, 2022

Повеќе училишта во Скопје утрово на своите адреси за електронска пошта добиле нова дојава за поставена бомба. Ова е дванаесетта по ред дојава за поставен експлозив која се испраќа во образовни институции. До сега сите беа лажни. Денешната закана пристигнала во училиштата: „Владо Тасевски“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Никола Карев“ […]

Во случај на кибер насилство младите треба да се обратат на возрасен кому му веруваат

декември 8, 2022

Родителите треба да ги учат своите деца кои се границите на приватност во физичкиот и во онлајн светот, а во исто време, потребно е да се бара решение кое ќе обезбеди услуги за поддршка на младите. Ова се главните заклучоци од синоќешната дебата во Кинотека, во која учествуваа средношколци, откако претходно го изгледаа филмот „Сестри“ […]

Најголем дел од средношколците за ученички стипендии аплицирале по електронски пат

декември 1, 2022

Дигитализацијата при аплицирањето за ученички стипендии за учебната 2022/2023 година придонесе оваа година за првпат да нема долги колони ученици и родители, односно старатели да чекаат пред Министерството за да ги поднесат потребните документи, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Министерот за образование Јетон Шаќири истакна дека најголем дел од пристигнатите апликации за […]

На ФЕИТ денеска започна натпреварот по роботика за средношколците

ноември 30, 2022

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска почна третиот натпревар по роботика и електроника ROBOMAC Junior 2022 наменет за средношколци. Настанот ќе трае до 2 декември, а организатори се ФЕИТ во соработка со Лабораторијата за производство ФЕИТ-ФабЛаб и студентскиот огранок на IEEE. Натпреварот се одржува во просториите на ФЕИТ и на него учествуваат […]

Средношколци гледаа филмови за климатски промени и намалување на отпадот

ноември 25, 2022

Средношколци од 12 скопски средни училишта следеа проекција на филмови за климатски промени и отпад во киното Синеплекс, во рамки на проектот „EU Youth Cinema: Green Deal“, финансиран од ЕУ и спроведен од Здружението „Гоу Грин“ Скопје во соработка со Град Скопје. Беа прикажани филмовите „Фактите за климатските промени“ (во продукција на BBC, 2019) и […]

Глувите и наглувите ученици од „Партение Зографски“ можат безбедно да стасаат на училиште

ноември 23, 2022

Глувите и наглувите ученици од училиштето „Партенија Зографски“ од општина Гази Баба конечно можат безбедно да стигнат во училиште, откако булеварот „Александар Македонски“ доби семафори, а претходно на делот со фреквентната улица „Благоја Стефковски“ беа поставени лежечки полицајци, знаци и вибрациски ленти за намалување на брзината, соопшти Младинскиот образовен форум. „Ова е резултат на барањата […]

Со лажни бомби против образованието: Честите прекини на наставата создаваат оштетени генерации

ноември 23, 2022

Во периодот на ковид-пандемијата повеќе од една година училишните клупи беа заменети со монитори, а домовите се претворија во училници. Класичната настава беше принудно прекината што беше вистински предизвик и за учениците и за наставниот кадар. Изминатиов период повторно се случуваат подолготрајни прекини во наставата, при што учениците повеќе денови не се на училиште поради […]

Средношколци од ГУЦ „Здравко Цветковски“ учат како се чистат оџаци, интересот за оваа професија расте

ноември 11, 2022

Грејната сезона започна. Граѓаните кои се греат на дрва и пелети, ги активираа печките. Оџачарите предупредуваат – пред да се запали оган, потребно е оџаците да се исчистат за да биде согорувањето подобро, за да се задржи топлината во домот и за да се намалат емисиите на штетни гасови. Професорката од ГУЦ „Здравко Цветковски“, Јасмина […]

Средношколци креираа иновативни решенија за намалување на загадувањето на воздухот

ноември 4, 2022

Учениците од средните училишта се способни и спремни да бидат носители на промени во општеството преку своите иновативни решенија за различни општествени проблеми и предизвици, беше заклучокот од Bootcamp-от на UPSHIFT програмата. Во рамките на програмата, од 2 до 4 ноември во Струга се одржа тридневен настан-UPSHIFT Bootcamp за развој и поддршка на социјални иновации […]

Младинскиот еко-активизам главна тема во новата епизода на „Шорткат“

ноември 3, 2022

Како младите можат да се вклучат во креирањето на решенија за одржливо и зелено општество и како да учествуваат во донесувањето на одлуки важни за нивната иднина погледнете во новата епзиода на емисијата „Шорткат“, во која главна тема е еко-активизмот. Покрај ова, во 59-тото издание на вестите за млади информираме за случувањата околу лажните пријави […]

Објавени конкурсите за доделување на ученички стипендии, аплицирањето e до 13 ноември

октомври 28, 2022

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека денеска се објавени конкурсите за доделување на средношколски стипендии за учебната 2022-2023 година и можат да се погледнат на следниот линк. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија. Постапката за […]

Спор меѓу ЈСП и МОН: Нетактичност и политички препукувања на штета на студентите и учениците

октомври 22, 2022

Кој е виновен за (не)субвенционирањето на бесплатниот превоз за студентите и учениците во Скопје? Ова прашање се поставува среде недоразбирањата меѓу Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП – Скопје) и Владата на Република Северна Македонија, со кои ненадејно се доведе во прашање и бесплатниот јавен превоз во главниот град за студентите на државните универзитети што досега непрекинато […]

Пендаровски ги прими средношколците кои освоија награди на 4. Балканска олимпијада во физика

октомври 19, 2022

Тројцата средношколци Јан Стојановски, Матеј Гелев и Емилија Николовска кои освоија златен, сребрен и бронзен медал, како и специјална награда за најдобар постигнат резултат и Матеа Митревска која доби пофалница за успешно учество на 4. Балканска олимпијада во физика денес се сретнаа со претседателот Пендаровски. На средбата присуствуваа и дел од учесниците на 52. Меѓународна […]

Владата донесе одлука за неколку категории стипендии за средношколците

октомври 19, 2022

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта за тековната учебна година. Според одлуката, стипендии во износ од 3.500 денари месечно се предвидени за: талентирани ученици – спортисти; талентирани ученици од областите на природните и техничките науки; талентирани ученици од областа […]

Средните училишта до 28 октомври можат да се пријават за размена со училишта од регионот

октомври 18, 2022

Повикот за проектот Суперучилишта, програма на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) за размена на ученици меѓу средните училишта од Западен Балкан, е отворен до 28 октомври за сите средни училишта во земјава, информираат од RYCO. Повикот претставува можност за училиштата, учениците и наставниците, и има за цел да го поддржи процесот за помирување и […]

Страна 4 од 15