Пендаровски ги прими средношколците кои освоија награди на 4. Балканска олимпијада во физика

-

Тројцата средношколци Јан Стојановски, Матеј Гелев и Емилија Николовска кои освоија златен, сребрен и бронзен медал, како и специјална награда за најдобар постигнат резултат и Матеа Митревска која доби пофалница за успешно учество на 4. Балканска олимпијада во физика денес се сретнаа со претседателот Пендаровски.

На средбата присуствуваа и дел од учесниците на 52. Меѓународна олимпијада по физика што се одржа од 10 до 17 јули годинава, каде нашите олимпијците освоија еден бронзен медал и три пофалници.

Претседателот Пендаровски им честитше на учениците за постигнатите успеси и освоениот златен медал, што претставува досега најголем средношколски успех на нашата земја на меѓународна олимпијада.

Воедно, претседателот ги охрабри учениците да продолжат да вложуваат во своите теоретски и практични знаења, посочувајќи дека ваквите достигнувања треба да бидат вреднувани и да претставуваат мотив и инспирација за учениците да се бават со природните науки, како перспективни и значајни области за севкупниот развој.

На средбата, претседателот го поздрави и ангажманот на професорите од Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет, членови на Друштвото на физичарите, кои со своите залагања придонесуваат за промоција на физиката во Северна Македонија.

Обвинителството започна постапка за шест затворски полицајци од „Идризово“

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи (МВР), Јавното обвинителство соопшри дека започна предистражна постапка против шест затворски полицајци вработени во Казнено-поправната установа Идризово. Лицата се...