Објавен е конкурсот за стипендии за учениците во Математичко-информатичката гимназија

Photo by javier trueba on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување на стипендии на редовните ученици запишани во ДСУ Математичко-информатичка гимназија-Скопје за учебната 2022/2023 година. Износот на стипендијата ќе биде 3.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година, информираат од МОН.

Учениците кои ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат потребната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Од 28 септември до 10 октомври 2022, од 8 до 16 часот, треба да ги достават документите утврдени во конкурсот во Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје).

Доколку немаат можност да аплицираат електронски, треба да пополнат хартиена пријава (барање) и да ја достават заедно со потребната документација до МОН.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 10 ноември 2022 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ Математичко-информатичка гимназија – Скопје. Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.