среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: средношколци | 291 резултати

Ангеловска-Бежоска награди средношколци од „Васил Антевски-Дрен“ за знаења на едукативен квиз организиран од Народната банка

април 9, 2023

Средношколките Ева Младенова, Кристина Митовска и Јована Петровска, ги освоија првите три места на едукативниот квиз што виртуелно се одржа во март годинава, за време на одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Народната банка. На едукативниот квиз учествуваа 26 ученици од III и IV година кои одговараа на прашања од доменот на […]

Средношколците да јадат помалку брза храна и повеќе да вежбаат, трендот на дебелина и неактивност расте

април 7, 2023

Родителите да се информираат подобро што јадат нивните деца-средношколци додека се на училиште, во училиштата да има автомати за храна која ќе биде нутритивно богата, а во наставната програма по физичко образование да се даде акцент на вежби кои ќе го намалат трендот на дебелина и на појава на деформитети кај младите. Ова се препораките […]

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

април 6, 2023

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како […]

Анкета на Мета: Средношколците на училиште најчесто јадат бурек, пециво или тост, а 30 отсто не се физички активни

април 6, 2023

Средношколците најчесто јадат бурек, хамбургер, тост или пециво додека се на училиште, а најчесто пијат кафе или вода. Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го […]

Македонски средношколци со часови чекале на српско-унгарска граница поради зголемен проток на сообраќај

април 2, 2023

Четири автобуси со ученици од гимназијата „Орце Николов“ во Скопје се задржале десетина часови на српско-унгарската граница поради зголемен проток на сообраќај. Како што информира Министерството за надворешни работи (МНР), тие преку Амбасадата во Будимпешта реагирале кај унгарските власти и учениците во осум часот утрово го поминале граничниот премин. Од Министерството велат дека „веднаш по […]

Први април: Наместо ранец, средношколци од Радовиш носеа учебници во буриња, кафез, микробранова печка

април 1, 2023

Учениците од средното училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш, по повод Први април – денот на шегата, уште еднаш се приклучија на глобалниот тренд „Било што освен ранец“ (Anything But a Backpack). Во текот на вчерашниот ден, за средношколците важело правило во училиште книгите и училишниот прибор да ги донесат во што било освен во ранец. […]

Средношколците од ОДАС преку протест побараа кратење на материјалот за матура и се сретнаа со МОН

март 17, 2023

Кратење на материјалот за полагање на државна матура и увид во истиот, побараа од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) на протестот што денеска го организираа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). По протестот на кој присуствуваа десетици средношколци и неколку студенти, претставници на организацијата влегоа на средба во Министерството, […]

Матура да се полага на 3 јуни наместо на 27 мај, бара Средношколскиот сојуз

март 17, 2023

Полагањето на првиот екстерен испит да се одржи на 3 јуни наместо на 27 мај, бараат претставниците на Сојузот на средношколци. Оттаму сметаат дека оваа промена треба да се однесува само на првиот екстерен испит, односно сите останати испити да си останат во веќе предвидените датуми. Денеска се одржала седница на Генералното собрание на Сојузот, […]

Сите средношколци да се возат бесплатно во автобус, бара Средношколскиот сојуз

март 13, 2023

Сојузот на средношколци денеска достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование до Собранието, со кој бара сите ученици кои се запишани во јавните и приватните средни училишта, да можат да се возат бесплатно во јавниот превоз. „Во државата има 71.000 средношколци. Од нив, 2.000 учат во приватните училишта. Ние бараме бесплатен […]

Дебата за млади „Дигитализација во образованието“ ќе се одржи на 16 март во „Јавна соба“

март 7, 2023

Наредниот четврток, на 16 март, со почеток од 18 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи дебатата за млади „Дигитализација во образованието“, во организација на Фондацијата Метаморфозис. На настанот ќе се зборува за можностите и предизвиците што ги носи дигитализацијата на образованието и за тоа дали и колку образовниот систем во земјава е […]

До средината на месецов, студентите ќе ги добијат средствата за субвенциониран оброк и стипендии заклучно со март

март 3, 2023

До средината на март, сите корисници на ученички стипендии, студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк ќе ги добијат средствата кои им следуваат заклучно со овој месец, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Од ова министерство велат дека постојните корисници на ученички и студентски стипендии кои ова право го оствариле во некоја од претходните […]

Организацијата ОДАС реагира за начинот на справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби

март 3, 2023

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) реагира на донесеното решение за справување со прекинот на наставата поради дојавите за бомби. Оттаму велат дека решението предвидува онлајн настава за учениците од средните училишта, но не гарантира квалитетна настава, надоместок на изгубените часови и успешно одвивање на полагањето на државната матура. „Оваа генерација на средношколци […]

Заканите не стивнуваат, нова дојава за бомба испратена денеска во 30 училишта

март 2, 2023

Вкупно 30 основни и средни училишта од Скопје денеска добиле дојава за поставена експлозивна направа. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), објектите се евакурани. Откако антитерористички тимови направија проверки, било утврдено дека сите дојави биле лажни. Наставата во континуитет се прекинува поради речиси секојдневните дојави за поставени бомби што ги добиваат училиштата. Во […]

Сојузот на средношколци со Резолуција изрази солидарност и бара акција за војната во Украина

февруари 25, 2023

По повод одбележувањето на годишнината откако Русија ја започна воената агресија против Украина, Сојузот на средношколци, заедно со Делегацијата на Европската Унија, вчера го одржаа настанот „Интеграција на учениците и студентите бегалци во образовниот систем“, на кој се дискутираше за влијанието на војната врз украинското културно наследство и образовен систем, информираат од Сојузот на средношколци. […]

Вредните средношколци и идни угостители од „Лазар Танев“ во новата епизода на „Шорткат“

февруари 9, 2023

Екипата на „Шорткат“ беше во посета на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, каде ги затекнавме вредните средношколци како подготвуваат храна во кујните, „печејќи“ ги тестото и занаетот што го одбрале. Повеќе за нивната професија погледнете во 72-та епизода на нашите вести за млади. И неделава носиме многу нови информации – меѓу нив, за герила акцијата […]

Утре почнува второто полугодие, основците и средношколците со физичко присуство се враќаат на настава

јануари 22, 2023

Зимскиот распуст завршува. Основците и средношколците од утре со физичко присуство се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година. „За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, […]

Владата им го продолжи зимскиот распуст на основците и на средношколците

јануари 10, 2023

Поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, на барање на Министерството за образование и наука, Владата на 118-та редовна седница одлучи второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици од основно и средно образование во земјава, информираат од […]

Случувања кои го одбележаа образованието во 2022 година: Штрајк на наставници, дојави за бомби, многу изгубени часови

јануари 1, 2023

Дојави за бомби, продолжен зимски распуст, штрајк на просветните работници, скратен материјал за матурските испити, обуки за наставници да предаваат по „ново“, 1 септември без учебници, губење настава во повеќе наврати… Ова се само дел од нештата кои ја одбележаа изминатава 2022 година кога станува збор за образованието во нашата земја. И додека можеби очекувањата […]

Бројот на ученици опаѓа, се вработуваат сè повеќе наставници

декември 22, 2022

Во училиштето во селото Добрево во близина на Пробиштип, во 2012 година, учеле вкупно 11 ученици. Постепено, бројот на дечиња се намалил на осум, сè додека во училиштето не останало само едно детенце, за да денеска, ученичките столчиња се сосема празни, а школото – под клуч. Училиштето во Добрево не е единственото во земјава во […]

Средношколци креираа иновативни решенија за производство и заштеда на енергија во нивните училишта

декември 22, 2022

Средношколски тимови од Кочани, Кичево, Битола, Кавадарци и Радовиш со поддршка на ментор, на тридневниот настан „UPSHIFT Bootcamp“ ги развиваа своите решенија за проблемите поврзани со производство и заштеда на енергија. На настанот за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со енергијата во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) учествувале […]

Страна 3 од 15