Мета факт: Средношколците не ги добија ветените таблет-компјутери, постапката е во тек

-

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“ вети дека сите ученици во училиштата за средно образование и сите професори ќе добијат таблет-компјутери, како и дека за користење на опремата, наставниот кадар ќе биде обучен. На ова ветување, наводно, од град Скопје во моментов се работи, па затоа го оценуваме како делумно исполнето. Сепак, учениците во овој момент ги немаат ветените таблети кои би ги користеле во наставата.

Во предизборната „Програма за модерно Скопје“, на страница бр. 40, во делот за „Дигитализација на средните училишта“, чиј основач е градот Скопје, наведено е следново ветување на Арсовска:

„Унапредување на наставниот процес и следење на модерните технологии преку набавка на информатичка опрема (таблети за секој ученик и наставник) и обука за наставниот кадар за истата.“

За одговори поврзани со оваа тема, Мета.мк се обрати во градот Скопје, од каде што одговорија дека реализацијата на проектот за дигитализација на средните училишта опфаќа две комплементарни мерки: набавка на ИТ опрема и обуки за унапредување на дигиталната писменост на учениците и наставниците.

„За потребите на средните училишта, градот има обезбедено преносни компјутери, при што по соодветното опремување во училиштата ќе се пристапи кон дополнителни обуки за унапредување на дигиталните вештини на учениците и наставниците во град Скопје со цел целосно исполнување на програмската определба“, одговорија оттаму.

Градоначалничката Арсовска ветуваше комплетно нова програма наречена Образование за 21 век, во која најави дека приоритет на градската самоуправа ќе биде безбедноста на сите деца, родители и вработени во образовните институции.

Во својата програма, Арсовска, во истиот дел за таблетите и обуките, навела и дека: „Градот Скопје ќе продолжи со опремување на стручните училишта со современи нагледни средства за изведување на практичната настава и поддршка на отворање реални училишни компании во средните стручни училишта“.

Исто така, во текот на изборната кампања, Арсовска во изјава се обврза дека ќе обезбеди квалитетно образование за учениците, следејќи го екот на дигитализацијата.

„Ќе почнеме со процес на квалитетна дигитализација на средните училишта преку унапредување на наставниот процес и следење на модерните технологии преку набавка на информатичка опрема и спроведување соодветна обука за наставниот кадар. Градот Скопје ќе продолжи со опремување на стручните училишта со современи нагледни средства за изведување на практичната настава и поддршка на отворање реални училишни компании во средните стручни училишта за практична настава”, изјавила Арсовска на 26 октомври лани.

Обезбедувањето на таблет-компјутери и друга техничка опрема за училиштата и учениците беше еден од главните проблеми при изведувањето на онлајн наставата во екот на ковид-19 пандемијата, кога дел од учениците немаа можност да се вклучат на часовите.

Врз основа на одговорите до кои дојде Мета.мк, може да се заклучи дека исполнувањето на ветувањето за набавка на таблет компјутери и обезбедувањето обуки за професорите во средните училишта, е во тек.

ИЗВОРИ: 

„Програма за модерно Скопје“, проверено на 13.12.2022 година;

Нетпрес (26.10.2021 година): Арсовска: Нови училишни згради, библиотека и дигитализација на училиштата на 21-от век, проверено на 13.12.2022 година;

Независен (26.10.2021 година): Арсовска: Нови училишни згради, библиотека и дигитализација на училиштата, проверено на 13.12.2022 година;

Призма (01.10.2020 година): Нема „план Б“ за македонските ученици, проверено на 13.12.2022 година;

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...