fbpx

Повеќе вирусни инфекции ги полнат ординациите, капацитетот на Институтот во Козле речиси исполнет

-

Вирусни инфекции кои во најголем дел ги напаѓаат горните дишни патишта, ги полнат амбулатнтите со пациенти од сите возрасти. Освен амбулантите, полни се и собите во Институтот за белодробни заболувања во Козле, каде што има капацитет од 20 болнички легла. Како што за Мета.мк вели директорот д-р Беким Зеќири, во собите има по два кревети, а тие се принудени да ставаат и трет кревет, за да може да бидат примени сите дечиња на кои им е потребно болничко лекување.

„Имаме многу деца кои во моментов се хоспитализирани. Капацитетот е исполнет во последниве три-четири недели. Сите доаѓаат со горни респиратони проблеми, односно со затнати носеви, отежнато дишење, кашлање. Има и такви што се лекувале, но со погрешна терапија, по што се спуштила инфекцијата на белите дробови“, информира Зеќири.

Хоспитализацијата во Козле трае од 7 до 10 дена, а лекувањето е најчесто со кортико и антибиотска терапија. Директорот очекува со падот на температурите да се намали бројот на хоспитализации.

„Ако имаме снег, тоа би требало малку да ги смири вирусите“, додава Зеќири.

Д-р Мира Атанасова педијатар, вели дека има пациенти од сите возрасти, и претшколска, до 6 години, и од 7 до 14 годишни ученици, како и средношколци и студенти. Периодов сите кои се обраќаат за помош имаат вирусни симптоми од гребење во грло, кивање, кашлање, зголемена температура, но таа вели дека загрижува што целата симптоматологија се пролонгира и подолго трае, што за лекарите е неочекувано.

„Даваме симптоматска терапија, не брзаме со антибиотици. Ковидот ни покажа дека Д витамин треба да се зема бидејќи научно е докажано дека е борец со вирусите. Кај тинејџерите и адолесцентите има вируси, но и омикрон. Луѓето веќе не се тестираат, не сакаат да се проверуваат, а сега имаме термини за тестирање за без пари. Омикронот е со полесна клиничка слика, гласот е зарипнат, но не се спушта на белите дробови“, вели д-р Атанасова.

Инаку, кога станува збор за состојбата со ковид во државата, според последните информации на Институт за јавно здравје, во периодот од 5 до 11 декември, регистрирани сe 130 нови позитивни случаи од 12 градови во државата, што е намалување од 33,3 отсто во однос на минатата недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...