Во најновата епизода на „Шорткат“ како главна тема ги третираме можностите што ги нуди алтернативниот туризам во Малешевијата, од каде имаме снимки и изјави на ентузијасти кои основале свои зелени бизниси во овој регион и се обидуваат да ги привлечат младите кон нивен развој.
Во „Шорткат“ вечерва ќе информираме и за одржаната дебата за млади на тема „Сајбер насилство: Последици по реалниот живот“, која ја организираше Фондацијата Метаморфозис и од која ги извлековме најважните поенти на соговорниците.
Информираме и за проблемот со сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар во Скопје, каде што секојдневно има недостиг на паркинг места за возилата и се создава гужва со која се соочуваат граѓаните кои ги користат здравствените услуги на клиниките.
„Шорткат“ во новата епизода подучува и за тоа кои се можностите за реакција на студентите кога некое нивно право е повредено и како да го контактираат студентскиот правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Го проследуваме и успехот на македонската репрезентација во Кантерстрајк, која победи на Светското првенство во Бали, а ќе може да дознаете и за успехот на македонските средношколци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки.
Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите социјални мрежи.