fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

ТикТок стана неофицијален канал за видеа на спортистите на Олимписките игри во Токио

Спортистите што се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Токио го искористија ТикТок за да ги објават незаборавните моменти што ги доживеале пред, за време и по олимписките натпреварувања, пишува Би-би-си. Еден од многубројните корисници на ТикТок е британскиот пливач Адам Пити, кој на 26-годишна возраст успеа да го освои златниот медал во пливање на 100 метри градно. Само неколку...

Инстаграм ги прави автоматски затворени профилите на тинејџерите под 16 години

Инстаграм
Профилите на новите корисници на Инстаграм кои се помлади од 16 години, автоматски ќе бидат поставени како приватни, односно затворени, што значи дека само одобрените следбеници ќе можат да ги гледаат, лајкуваат или коментираат нивните слики и објави, се вели во најновото соопштение на оваа социјална мрежа. Тестовите на Инстаграм покажале дека само еден од пет нови корисници со автоматска...

Фејсбук ќе им исплати милијарда долари на креаторите до крајот на 2022 година

Фејсбук / Facebook
До крајот на 2022 година, Фејсбук планира да инвестира над една милијарда долари во програми кои им овозможуваат на креаторите нови начини да заработат пари од содржините што ги создаваат на Фејсбук и Инстаграм. Оваа вест ја соопшти првиот човек на „Фејсбук“, Марк Закерберг, кој повеќе детали за плановите најави наскоро. „Сакаме да ги изградиме најдобрите платформи за милиони креатори да...

Осум месеци откако ја воведе, Твитер ја гаси опцијата „Флитс“

Поради малата заинтересираност и употреба, Твитер ја исклучува функцијата „Флитс“ (Fleets), која на корисниците им овозможуваше да постираат содржини- твитови, слики и видеа, кои истекуваат по 24 часа. Твитер се одлучи на овој чекор само осум месеци откако минатиот ноември со голема возбуда на глобално ниво ја претстави новата функција која требаше да привлече и да активира што повеќе корисници...

Норвешка со закон им нареди на инфлуенсерите да го обележат „разубавувањето“ на фотографиите

Норвешка усвои закон којшто е насочен кон уредувањето на фотографиите, кој треба да помогне во решавање на прашањето за сликата на човековото тело во општеството. Имено, законското решение им наложува на инфлуенсерите на социјалните мрежи јавно да го назначат „разубавувањето“ на фотографиите што ги објавуваат, односно уредувањето на нивните фотографии мора да биде наведено во постовите на Фејсбук, Инстаграм...

Твитер ја претстави својата прва претплатничка услуга – Twitter Blue

Твитер Блу
Твитер ја претстави својата нова опција за претплата, наречена Twitter Blue. Оваа дополнителна претплатничка услуга на Твитер кај корисниците ќе додаде функции како што се копче за поништување на твитот, обележувачи за вести и режим на читање, соопштија од Твитер. Претплатените корисници ќе имаат пристап и до „посветена“ поддршка за клиенти, но и поволности за прилагодување на иконата на...

Твитер, Фејсбук и Снепчет се дел од кампањата на Белата куќа за вакцинација против ковид

Фејсбук, Твитер и Снепчет се меѓу компаниите што ќе помогнат во промотивната кампања на администрацијата на Бајден за подобност на вакцините, објави Аксиос. Белата куќа се надева дека со овој напор ќе допре до населението кое може да има поголеми стапки на колебливост за вакцините. Според Аксиос, Ентони Фаучи, главниот медицински советник на претседателот, ќе направи видео клипови на Снепчет,...

„Фејсбук“ да го откаже планот за детска верзија на Инстаграм, бараат експерти за јавно здравје

„Кампањата за без комерцијално детство“ упатила писмо до извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, во кое го повикува да ги откаже плановите за лансирање на верзија од социјалната мрежа Инстаграм која ќе биде наменета за деца под 13 години. Писмото е потпишано од 99 организации и поединци-експерти за јавно здравје, кои тврдат дека „платформата опседната со слики е штетна за...

Податоци за милиони корисници, најголем дел од Линкдин, објавени за продажба на хакерски форум

Речиси една недела од протекувањето на податоците за 533 милиони корисници на Фејсбук, нов огромен број на записи се шират помеѓу хакерите низ интернет просторот, од кои најголем дел се преземени од социјалната мрежа Линкдин. Архива која наводно содржи информации за 500 милиони профили од Линкдин е ставена за продажба на форум наменет за хакери, а како доказ за поседувањето...

По примерот на „Клабхаус“, апликациите почнуваат со воведување на опции за аудио разговор во живо

Клабхаус
Аудио содржините се новата сензација во технолошкиот простор, а големите имиња веќе инвестираат во однапред снимените подкаст содржини, но и во аудио содржините кои се пренесуваат во живо. Предводник на новиот тренд, се чини, е американската апликација „Клабхаус“ - социјална мрежа многу поразлична од Инстаграм, ТикТок и Твитер. Корисниците таму не можат да најдат слики или видеа од другите, туку...

Гарванлиев: Интервјуто со изјавата е пред повеќе од една година, јас се извинувам ако сум повредил некого

Интервјуто кое циркулира на интернет со мојата изјава е пред повеќе од една година. Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човечно, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно и случајно, јас се извинувам од сè срце. Со овие зборови вчера Васил Гарванлиев од Струмица, македонскиот претставник на овогодинешното издание...

МВР со апел до родителите: Обрнете внимание на активностите на децата на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира до јавноста, особено до родителите, да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи откако од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. „Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша...

Контроверзната социјална мрежа „Парлер“ е повторно достапна

Parler
Еден месец откако Амазон го прекина нејзиното хостирање, алтернативната социјална мрежа „Парлер“ стана повторно активна. Компанијата преку соопштение објави дека нејзината страница сега е достапна за корисниците со веќе постоечки сметки на платформата, а веќе од следната недела ќе започне и со регистрација на нови корисници. Од таму најавија и дека „Парлер“ има нов привремен извршен директор – Марк Меклер, откако...

Фејсбук и Епл во судир за приватноста на корисниците

Гигантите Фејсбук и Епл повторно влегоа во судир. Двете компании долго време се расправаат за прашања поврзани со приватноста, но ова особено се истакна откако Епл им овозможи, со новото ажурирање на софтверот, на корисниците на iOS да одберат дали и во колкава мера ќе дозволат нивните податоци да се споделуваат за разни маркетинг потреби. Фејсбук смета дека ова...

Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Изутринава портпаролот на Владата на својот Твитер профил соопшти дека лажна вест е споделуваната информација на социјалните мрежи дека Владата го обновила возниот парк со пет џипови Мерцедес Г класа. „Владата никогаш не објавила, ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“ напиша портпаролот. Инаку...

Јутјуб го блокираше каналот на Трамп поради поттикнување насилство

Поради прекршување на политиките за поттикнување на насилство, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во наредните седум дена нема да може да објавува нови видеа или стримови во живо на Јутјуб, бидејќи платформата привремено му забрани пристап до каналот. „По внимателно разгледување и поради загриженоста за постојаниот потенцијал за насилство, отстранивме нова содржина прикачена на каналот „Доналд Трамп“ бидејќи увидовме...

„Амазон“ го прекина хостирањето на контроверзната социјална мрежа „Парлер“

Parler
Технолошките компании „Амазон“ (Amazon), „Епл“ (Apple) и „Гугл“ (Google) преземаа чекори за суспендирање на социјалната мрежа „Парлер“, која се претставува како алтернатива на „Твитер“ и „Фејсбук“ и која им послужи за координација на учесниците во немирите во Вашингтон во средата. „Епл“ и „Гугл“ први објавија дека ја отстрануваат апликацијата од своите продавници затоа што истата не ги прегледувала објавите на...

2020: Годината што ги промени социјалните мрежи и интернетот

социјални мрежи
Со светската здравствена криза како двигател на случувањата, 2020 година го промени животот на луѓето – начинот на кој тие комуницираат, како работат, како се дружат и како пазарат. 2020 година го промени и начинот на кој се користат социјалните мрежи, па донесе и суштински промени во самите платформи и во нивните политики и регулации. Од борба против дезинформациите преку...

„Фејсбук“ се соочува со тужби за купувањето на „Instagram“ и „WhatsApp“

Facebook Фејсбук
Компанијата „Фејсбук“ доби антимонополска тужба во која се тврди дека гигантот за социјални мрежи ја нарушил конкуренцијата со купување на помали компании како „Инстаграм“ (Instagram) и „Ватсап“ (WhatsApp) со намера да ја отстрани заканата што тие дотогаш ја претставувале за неговиот бизнис. Тужбата беше поднесена во средата од страна на јавниот обвинител на Њу Јорк, Летисија Џејмс, а кон...

Корисниците ширум Европа пријавуваат проблеми со Фејсбук Месинџер

Најпопуларните социјални мрежи Месинџер, Фејсбук и Инстаграм уште од утрово престанаа да функционираат за корисниците ширум Европа. Дел од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не можат да се вклучат на социјалните мрежи. Апликациите во сопственост на Фејсбук покажаа проблеми кон 9 часот изутринава, евидентира алатката DownDetector, која ги следи прекините на Фејсбук. Повеќе од половина (51...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...