fbpx
Таг: социјални мрежи

таг: социјални мрежи

По најавата на Инстаграм, и ТикТок тестира „претплати“ на каналите на креаторите

ТикТок
Видео платформата ТикТок најави дека тестира поддршка за претплати од страна на корисниците, со што им го отвора патот на креаторите да наплатат за нивните содржини. Оваа информација ја сподели „Д Врџ“ (The Verge), повикувајќи се на „The Information“. Засега нема информации кај колку креатори се тестира оваа нова функција, ниту пак кога истата би станала достапна за сите. Од ТикТок...

Инстаграм почна со тестирање на „претплати“ на профилите на креаторите

Инстаграм
Инстаграм тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците, за одредена месечна претплата, да уживаат во ексклузивна содржина создадена од нивните омилени креатори. Според објавата на блогот на матичната компанија „Мета“ (Meta Platforms), Инстаграм ќе им даде слобода на креаторите да ја изберат цената по која сакаат гледачите да се претплатат на нивната содржина. Некои медиуми пишуваат дека цените...

ИДУЕП за социјалните мрежи: Политичарите и институциите не се отворени за мислењата на граѓаните

Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси...

Училишта ширум САД ја откажуваат наставата поради наводни закани за пукање што се појавиле на ТикТок

Училишта ширум Соединетите американски држави (САД) ја откажаа денешната настава по информациите дека на видео-платформата ТикТок наводно биле упатувани закани за пукање и бомбашки напади, пишува „Д Врџ“ (The Verge). Неколку училишта во Калифорнија, Тексас, Минесота и Мисури рекле дека планираат да ги затворат училиштата по извештаите во локалните медиуми. Други училишта, пак, најавиле засилено полициско присуство и им испратиле...

Внимавајте на вашата сајбер безбедност на интернет, познати 200-те најчесто користени лозинки во светот

Компанијата за организирање и чување лозинки „Норд пас“ за годинава ги објави 200-те најчесто употребувани лозинки на корисниците од 50 земји низ светот. И по многубројни протекувања на приватни видеа и фотографии, онлајн измами со кредитни картички, користење на лични профили на социјални мрежи за разни незаконски или негативни кампањи во туѓо име, лозинката „123456“ и во 2021 година е...

Младите се на интернет за видеоповици, праќање пораки и учество на социјалните мрежи [инфографик]

Како никогаш досега, дури 83,7 отсто од домаќинствата во Македонија во првите три месеци од 2021 година имале пристап до интернет. Притоа, 99,5 отсто од младите на возраст од 15 до 24 години користат интернет, а 98,8 отсто од нив се вклучени на интернет секој ден или речиси секој ден, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика за...

Опаѓа популарноста на Фејсбук помеѓу младите

Внатрешни извештаи на компанијата Фејсбук покажуваат дека младите поминуваат сè помалку време на главната платформа Фејсбук, сè помалку тинејџери се регистрираат како нови корисници, а вработените не можат да сфатат зошто се случуваат овие негативни трендови, пишува „Блумберг“ во најновото откривање на документите кои свиркачот Френсис Хогeн ги сподели со американските регулатори и со медиумите. Документите вклучувале серија графикони и...

Доналд Трамп најави создавање на своја социјална мрежа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги најави своите планови за отворање нова социјална мрежа наречена „Вистина“ (TRUTH Social), јавуваат светските новински агенции. Трамп вели дека платформата „ќе се спротивстави на тиранијата на големата технологија“, обвинувајќи ги главните социјални мрежи дека ги замолчуваат опозициските гласови во САД, пишува „Би-би-си“. Социјалните мрежи одиграа клучна улога во кандидатурата на Трамп за прв човек во...

PayPal нуди 45 милијарди долари за да го купи Pinterest

Сервисот за онлајн плаќања PayPal понуди 45 милијарди долари за купување на онлајн пинбордот Pinterest, којшто служи за споделување на визуелни содржини, јавуваат светските медиуми. Двете компании се во напредна фаза на преговори, а доколку се постигне договор, тогаш оваа зделка ќе биде најскапото купување на компанија во технолошкиот сектор годинава и највисоката сума исплатена за социјална мрежа досега. Историскиот...

Фејсбук планира да се ребрендира со ново име

Фејсбук / Facebook
Фејсбук планира да го промени името на компанијата во текот на следната недела со што ќе го одрази својот фокус на изградбата на метаверзумот, објави „Д Врџ“ (The Verge) повикувајќи се на извор упатен во ситуацијата. Претстојната промена на името, за која извршниот директор Марк Закерберг планира да зборува на годинашната „Конект“ конференција на 28 октомври, треба да ја сигнализира...

Мајкрософт го повлекува „LinkedIn“ од Кина

Мајкрософт ја исклучува својата социјална мрежа „Линкдин“ (LinkedIn) во Кина, бидејќи услогласувањето со насоките од кинеските власти било голем предизвик за компанијата, јави „Би-би-си“. „Линкдин“ беше единствената голема западна социјална мрежа која функционираше во Кина. Нејзиното повлекување доаѓа откако платформата за кариерно поврзување се соочи со прашања околу блокирањето на профилите на неколку новинари. „Линкдин“ планира кон крајот на годинава во...

ТикТок надмина 1 милијарда корисници месечно

ТикТок БајтДенс
ТикТок соопшти дека апликацијата надминала 1 милијарда активни корисници месечно. Ваквите бројки се извонредни за платформата лансирана во август 2018 година, која беше прегледувана од страна на владите, вклучувајќи ги и САД, коишто беа загрижени околу практиките за собирање податоци од страна на нејзината матична компанија „БајтДенс“, пишува „The Verge“. Популарноста на ТикТок порасна за време на пандемијата, што ја...

Фејсбук ќе потроши 50 милиони долари во изградба на „метаверзумот“, се откажа од „Instagram Kids“

Фејсбук објави фонд од 50 милиони американски долари, за кој вели дека ќе му помогне да го развие својот „метаверзум“ поодговорно. Според информациите, средствата од овој фонд во наредните две години ќе бидат инвестирани во програми и надворешни истражувања. Својот „метаверзум“, Фејсбук го опишува како „следната компјутерска платформа“, а компанијата вели дека ќе работи со креаторите на политики, истражувачите и...

ТикТок ќе им нуди поддршка на корисниците кои пребаруваат содржини поврзани со самоубиство

ТикТок
ТикТок соопшти дека воведува неколку функции со кои има за цел да им помогне на корисниците кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје и со самоубиствени мисли. Новите функции кои ќе бидат воведени глобално во наредните месеци, вклучуваат „водичи за благосостојба“ и поддршка за луѓе кои се борат со нарушување во исхраната. Истовремено, кога некој од корисниците ќе пребарува зборови...

Вистиномер: Социјалните мрежи преплавени со дезинформации за пописот

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
По две децении во Северна Македонија кончено се изведува пописот на населението и домаќинствата. За жал, оваа статистичка операција доби политичка позадина и на социјалните мрежи има премногу дезинформации и повици за бојкот, како и навреди кон попишувачите, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост: Пописот започна да се спроведува на 5 септември и според првичните информации...

„Онли Фанс“ сепак нема да ги забрани експлицитните содржини од 1 октомври

Откако минатата недела објави дека ќе ги забрани експлицитните содржини, по лавината реакции од корисниците „Онли Фанс“ извести дека ќе ги одложи измените во политиката за креирање содржини. Во четвртокот платформата за претплатнички содржини рече дека почнувајќи од октомври ќе ги блокира експлицитните сексуални фотографии и видеа. Но, во текот на вчерашниот ден на Твитер соопштија дека ја суспендирале планираната...

Фејсбук забрани содржини кои ги поддржуваат и промовираат талибанците

„Фејсбук“ соопшти дека го забранува присуството на талибанците, како и секоја содржина која го промовира нивното движење на платформата, бидејќи смета дека групата е терористичка организација. Компанијата вели дека има тим од авганистански експерти кои ги разбираат локалните проблеми во Авганистан и ги надгледуваат и отстрануваат содржините поврзани со групата. Талибанците со години ги користат социјалните мрежи за да ги шират...

ТикТок била најсимнувана апликација во светот минатата година

ТикТок
ТикТок е прогласена за најсимнувана апликација во светот во 2020 година од страна на компанијата за дигитална анализа „Еп Ени“ (App Annie), со што го зазеде местото на Фејсбук Месинџер (Facebook Messenger). Платформата за споделување на видеа е единствената апликација што се најде во „топ 5“ на листата најсимнувани мобилни апликации, која не е во сопственост на „Фејсбук“. Апликациите на...

ТикТок стана неофицијален канал за видеа на спортистите на Олимписките игри во Токио

Спортистите што се натпреваруваат на Летните олимписки игри во Токио го искористија ТикТок за да ги објават незаборавните моменти што ги доживеале пред, за време и по олимписките натпреварувања, пишува Би-би-си. Еден од многубројните корисници на ТикТок е британскиот пливач Адам Пити, кој на 26-годишна возраст успеа да го освои златниот медал во пливање на 100 метри градно. Само неколку...

Инстаграм ги прави автоматски затворени профилите на тинејџерите под 16 години

Инстаграм
Профилите на новите корисници на Инстаграм кои се помлади од 16 години, автоматски ќе бидат поставени како приватни, односно затворени, што значи дека само одобрените следбеници ќе можат да ги гледаат, лајкуваат или коментираат нивните слики и објави, се вели во најновото соопштение на оваа социјална мрежа. Тестовите на Инстаграм покажале дека само еден од пет нови корисници со автоматска...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...