Твитер, Фејсбук и Снепчет се дел од кампањата на Белата куќа за вакцинација против ковид

Фото: Tim Bennett на Unsplash

Фејсбук, Твитер и Снепчет се меѓу компаниите што ќе помогнат во промотивната кампања на администрацијата на Бајден за подобност на вакцините, објави Аксиос.

Белата куќа се надева дека со овој напор ќе допре до населението кое може да има поголеми стапки на колебливост за вакцините. Според Аксиос, Ентони Фаучи, главниот медицински советник на претседателот, ќе направи видео клипови на Снепчет, а Фејсбук и Твитер ќе испраќаат сигнали за да ги известат корисниците дека имаат право да примат вакцина. Потпретседателката Камала Харис исто така ќе биде вклучена во притисокот на социјалните медиуми.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), половина од возрасните во САД примиле барем една вакцина против ковид-19, но администрацијата е загрижена дека одлуката од минатата недела за пауза на употребата на вакцината Џонсон и Џонсон дополнително ќе го зголеми бројот на луѓето кои веќе се двоумат дали да примат вакцина.

„Можеме да потврдиме дека Снепчет бил во контакт со Белата куќа во врска со напорите за ширење на свеста за подобноста на вакцините меѓу корисниците на Снепчет, врз основа на нашите постојани напори за поддршка на нашата заедница за време на ковид-19“, рече портпаролот на Снепчет.

Исто така, портпаролот на Твитер потврдил дека компанијата „работи во партнерство со Белата куќа за да ги подигне авторитативните информации во врска со ковид-19“, но не откриваат повеќе детали.