fbpx
Таг: Собрание на РСМ

таг: Собрание на РСМ

Спикерот Џафери со честитка по повод католички Божиќ

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери од име на пратениците и од негово лично име денеска упати честитки по повод големиот христијански празник - Божиќ до сите граѓани католички верници кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар, информираат од Собранието на РСМ. „Радоста што ја носи Божиќниот празник, неговата моќ на сплотување на семејствата, на соседите, пријателите и соработниците...

Собранието го усвои Буџетот за 2023 година од над 324 милијарди денари

Собранието на РСМ вчера попладнето го усвои Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, чија висина изнесува 324,8 милијарди денари, информираат од Министерството за финансии. Приходите во Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари, што е за 14,8 отсто повисоко од 2022 година, притоа дефицитот е на ниво од 4,6 отсто од планираниот БДП или 42,7...

Мета факт: Сè уште ги чекаме владините субвенции за набавка на хибридни и електрични возила

Во државниот буџет за 2023 година не се предвидени финансиски средства за субвенции за граѓаните за набавка на хибридни и електрични возила, иако ваквото ветување беше дадено од македонската влада уште при крајот на 2018 година. Владата на 15 ноември 2018 година вети воведување на субвенции за набавка на електрични и хибридни возила, со рок за имплементација во 2019...

Измените на Кривичниот законик минаа во прво читање, новинарите чекаат на поголема заштита

Пратениците од Собранието на РСМ вчера со 85 гласа „ЗА“ и ниту еден воздржан и против ги усвоија во прво читање измените на Кривичниот законик. Меѓу другите членови, со измените е предвидена поголема заштита на новинарите и медиумските работници при евентуални напади, односно затворска казна од шест месеци до пет години за лицата кои ќе извршат напад на новинари. Сепак,...

По шест месеци, пратениците го усвоија задолжувањето кај ЕБОР за изградба на регионалните депонии

Речиси шест месеци откако Владата на РСМ го испрати до Собранието предложениот закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пратениците денеска го усвоија законското решение со кое ќе се обезбеди кредит од 55,3 милиони евра за изградбата на регионалните депонии за пет плански региони. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека...

Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Собранието на РСМ денеска едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување, информираат од Министерството за правда. „Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета“, информираат од Министерството за правда. Законот...

Пред студентскиот протест, партиите со свои “рецепти” за субвенционираниот оброк

Претставници на универзитетските студентски собранија од повеќе државни и приватни универзитети денеска ќе остварат средба со пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која ќе се разговара за измените на Законот за субвенциониран студентски оброк. Средбата следува по реакциите во јавноста откако предлог-законот се најде на дневен ред на собраниската седница закажана за в среда, поради...

Депонијата „Русино“ привремено средена, апел до пратениците да го усвојат заемот за нова инвестиција

Наместо расфрлан отпад на сите страни, депонирање на смет којшто се покрива со земја. Наместо протекување на исцедокот од депонијата неконтролирано во природата, изграден е систем за рециркулација на исцедокот од депонијата со канали, бунари и други градежни интервенции за заштита на почвата. Ваква е денешната поправена слика за регионалната депонија „Русино“ кај Гостивар, која што денеска ја посети...

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион - „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен третман на собраниот отпад. Воспоставувањето...

Во декември истекува мандатот на уште еден судија, работaта на Уставниот суд ќе биде блокирана

Алармантната состојба со неизбрани судии во Уставниот суд продолжува, при што државата ќе се најде во уставна криза што ќе има за последица од декември да нема услови за одржување на седници и Уставниот суд ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните. Вакво предупредување денеска испрати претседателката на...

Заемот од ЕБОР за изградба на регионалните депонии ги чека пратениците да се вратат од одмор

Потпишувањето на договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на регионални депонии по стандардите на ЕУ во пет региони во земјава е возможно да се случи откако Собранието на РСМ ќе го изгласа Законот за заем, информираат за Мета.мк од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Истиот е сѐ уште во собраниска постапка и од...

Мицкоски најави дека ќе ја напушти политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека ќе ја напушти политиката доколку некој од неговата партија гласа за уставните промени, со кои Бугарите би требало да се внесат во македонскиот Устав како посебно малцинство. „Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници...

Пратениците ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година

Собранието на РСМ на денешната 50. седница, со 60 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, ја усвои предлог-Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година. Министерство за труд и социјална политика соопшти дека со Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година, која е основен стратешки документ на Република Северна Македонија, се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на...

Седуммина признаа вина и добија условни казни за инцидентите на протестите против францускиот предлог

Условна казна затвор добија седумте млади лица на возраст од 18 до 36 години кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело, односно за инцидентите на протестите против францускиот предлог што се одвиваа пред Собранието на РСМ на почетокот на јули годинава. Момчињата признаа вина пред судот, по што судијката им изрече условни затворски казни од...

На вчерашниот протест уапсени 10 лица, собраниската расправа за европскиот предлог продолжува денеска

Собраниската седница за европскиот предлог за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ продолжува денеска во 11 часот. Единствена точка на дневен ред е Информација за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, а пријавени за збор се вкупно 42 пратеника. Првиот ден од собраниската расправа за европскиот предлог помина во тензична атмосфера, со...

Oпозицијата трубеше со вувузели додека премиерот Ковачевски говореше во Собранието

По тричасовно одложување на пленарната седница, во Собранието попладнево во тензична атмосфера започна разгледувањето на Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на земјава со ЕУ, предложена од француското претседателство на 30 јуни. Откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска ја искина Информацијата за европскиот предлог што беше доставена од Владата на РСМ и побара едночасовна пауза, седницата...

Европскиот предлог денеска во Собрание, закажани протести од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Европскиот предлог за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ денеска ќе се најде на пленарна седница пред пратениците во Собранието на РСМ. Седницата почнува во 13:30 часот, а половина час порано пред пратениците на посебна седница ќе се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа денеска ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски,...

ДЗР: Институциите недоволно и нецелосно работат за подобрување на родовата еднаквост

Иако уште во декември минатата година беше поддржана од меѓународните организации UN Women, УНФПА, Mисијата на ОБСЕ и УНДП, Националната стратегија за родова еднаквост 2021 – 2026 година сè уште не е донесена од страна на Собранието на РСМ. Покрај тоа, на национално ниво не се целосно спроведени мерките и активностите кои се планирани и поставени со донесената тековна...

Протестите во Скопје продолжуваат, денеска координација меѓу пратениците во Собранието

По два дена пауза, ВМРО-ДПМНЕ и Левица синоќа во центарот на Скопје протестираа против предлогот на ЕУ за деблокада на бугарското вето за почетокот на преговорите на земјава со ЕУ. На вчерашните протести немаше инциденти, но пораката која што ја упати опозицијата е идентична - тие нема да го прифатат европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Во синоќешното дивеење се испокршени стакла на собраниската зграда, оштетена е и фасадата (фото)

Испокршени стакла и оштетена фасада на Собранието на РСМ е епилогот од синоќешните насилни протести што се одржаа пред законодавниот дом. Од Кабинетот на Претседателот на Собранието на РСМ информираат дека законодавниот дом синоќа беше повторно мета на лицата што протестираа, кои со насилно однесување, хулиганство, користење на тврди предмети, изразување на вербални закани и поттикнување омраза кон сите...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...