fbpx

Пратениците ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година

-

Собранието на РСМ на денешната 50. седница, со 60 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, ја усвои предлог-Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година.

Министерство за труд и социјална политика соопшти дека со Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година, која е основен стратешки документ на Република Северна Македонија, се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

„Со донесување на оваа Стратегија, Република Северна Македонија се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество“, истакнаа од МТСП.

Стратегијата се заснова на принципите на законитост, јавност, транспарентност, одговорност, отчетност и меѓу секторска соработка.

„Визија на Стратегијата е постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата, односно општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство“, додадоа од МТСП.

Според министерството, со прифаќањето на амандманите на предлог-Законот за буџети, се овозможува вклучување на родовата перспектива во буџетите на органите на државната управа. Со ова, буџетите стануваат родово одговорни и ќе одговорат на потребите на сите граѓани, жени и мажи.

„Родово одговорно буџетирање не е прашање на борба помеѓу мажите и жените. Напротив тоа е прашање со кое ние создаваме еднакво општество, во кое ги распоредуваме финансиските средства на поправеден начин. Родовото одговорно буџетирање станува реалност со донесување на новиот Закон за буџети“, истакнаа од МТСП.

Од таму додаваат дека Владата на Република Северна Македонија силно верува дека нема еднаквост во општеството, ако нема еднаквост помеѓу жените и мажите, сузбивање на родовите стереотипи, елиминирање на родово базираното насилство, зајакнување на жените во економијата и земјоделството, како и вреднување на лидерските потенцијали на жените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...