fbpx

Бектеши: И за домаќинствата и за стопанството ќе има мерки за ублажување на енергетската криза

-

Од почетокот на август кога ќе се прогласи состојба на енергетска криза, Владата ќе може да преземе соодветни одлуки за помош на домаќинствата и на стопанството, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по средбата со претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев, на која присуствуваа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, директорот на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и други претставници.

„Како Влада, но и како Министерство за економија, секојдневно сме во комуникација со сите претставници на енергетскиот сектор во нашата земја, се со цел да се креираат мерки кои ќе ја ублажат енергетската криза, не само во секторот домаќинства, туку и во дел од индустријата. Индустријата е многу важен дел во економијата имајќи ги во предвид бројот на вработени, буџетот и растот на економската активност. Наша цел е нашите компании да бидат уште поконкурентни на европскиот и на светските пазари со мерките”, кажа министерот.

Бектеши најави дека минатата недела Владата ги прифатила предлозите на Стопанската комора и тие биле разгледани од претставници на Владата и од сите институции вклучително и енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика. Најголем дел од мерките биле прифатени и веднаш ќе се спроведат.

Исто така, министерот Бектеши повтори дека ЕСМ обезбедило 100 милиони евра за зголемување на капацитетот на ЕСМ за јаглен, мазут и електрична енергија.

„1,1 милиони тони веќе се обезбедени за потребите на РЕК Битола 500 илјади тони за Осломеј. Нашите очекувања се дека РЕК Битола од почетокот на октомври ќе работи со трите блока, а Осломеј ќе работи со целосен капацитет, имајќи предвид дека таму има само еден блок и веќе е започната испораката на мазут од Грција за потребите на ТЕЦ Неготино. Оваа термоелектрична централа ќе започне со работа првично со првиот котел, а во меѓувреме ќе може да се стави во функција и вториот котел, за да можат да се снабдува првично ЕВН-Хоме за потребите и потрошувачка на домаќинствата и малите потрошувачи“, рече министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...