Мицкоски најави дека ќе ја напушти политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните промени

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека ќе ја напушти политиката доколку некој од неговата партија гласа за уставните промени, со кои Бугарите би требало да се внесат во македонскиот Устав како посебно малцинство.

„Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера“, изјави Мицкоски денеска од скопското село Љубанци.

Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.

„Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно“, изјави Мицкоски.

Тој денеска рече дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес, каде според него, единствената цел на договорот со Бугарија е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.

Од владејачката партија СДСМ денеска излегоа со реакција, во која велат дека Христијан Мицкоски не треба да чека, туку може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата.

„Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба“, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси и не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...