МВР: За еден ден изречени 295 казни за брзо возење

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден спровело засилена акциска контрола на територијата на целата земја за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 295 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 194 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, информираат од МВР.