fbpx

Европскиот предлог денеска во Собрание, закажани протести од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

-

Европскиот предлог за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ денеска ќе се најде на пленарна седница пред пратениците во Собранието на РСМ. Седницата почнува во 13:30 часот, а половина час порано пред пратениците на посебна седница ќе се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа денеска ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, но и со претседателот Стево Пендаровски. Свое обраќање за европскиот предлог пред пратениците денеска ќе има и премиерот Димитар Ковачевски.

Паралелно со седницата во Собранието, пред законодавниот дом е закажан протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, којшто почнува во 12 часот. Двете партии повикаа на масовност на денешниот протест. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната партија ќе биде пречка за промена на Уставот и нема да поддржи ништо што е на штета на националните интереси.

Од СДСМ пак велат дека денеска пред Собранието е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

„Време е за одлука. Преку усвојување соодветни заклучоци, кои ќе бидат задолжителни за сегашната но и за секоја идна Влада да се обезбеди европскиот пат на земјата и безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои во ниту еден момент не се преговара“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Дел од партиите од владејачката коалиција предводена од СДСМ веќе наведоа дека нема да го поддржат францускиот предлог. ДОМ на синоќешната седница на Централниот одбор донел одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ.

Инаку, утрово пред Собранието на РСМ и низ целото централно градско подрачје има многубројни припадници на полицијата и опрема. Улицата „11 Октомври“ е затворена за сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...