Протестите во Скопје продолжуваат, денеска координација меѓу пратениците во Собранието

-

По два дена пауза, ВМРО-ДПМНЕ и Левица синоќа во центарот на Скопје протестираа против предлогот на ЕУ за деблокада на бугарското вето за почетокот на преговорите на земјава со ЕУ. На вчерашните протести немаше инциденти, но пораката која што ја упати опозицијата е идентична – тие нема да го прифатат европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа да не се крие протоколот со Бугарија, којшто, според нив, значи „бугаризација на државата“. Од партијата велат дека со предлогот се овозможува Бугарија да ги пишува учебниците по историја во Македонија и да ја блокира земјава на патот кон ЕУ.

„Владата прво кажа дека ќе го објави, а сега веќе втора недела не го објавува протоколот. Предлогот кој власта сака да го помине низ Собрание е на штета на македонските национални интереси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На синоќешниот протест говореа актерката Весна Петрушевска, поранешниот амбасадор Мартин Треневски и претседателот на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, кои во своите говори се изјаснија против предлогот на ЕУ и за пад на актуелната влада.

По протестот, од владејачката партија СДСМ излегоа со соопштение во кое велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица лажат за наводна бугаризација и асимилација бидејќи немаат вистинска аргументација против членството во ЕУ.

„Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација. Без аргументација, антиевропска коалиција функционира врз база на хистерично ширење невистини, но и со обиди за предизвикување тензии и радикализација на атмосферата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека се кријат како организатори на насилните протести позади анонимен е-маил, којшто им служи како параван за испраќање на фотографии до медиумите.

„Ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата, се лажат“, велат од СДСМ.

Инаку, по вчерашните протести денеска во Собранието на РСМ ќе се одржи редовната понеделничка координација, на која треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европска Унија.

Од 11 часот е закажана собраниската седница на која ќе се расправа за ребаланост на буџетот за која што е планирана дебата од најмногу пет дена. Доколку има потреба, оваа седница ќе биде прекината и ќе биде закажана нова седница, на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата.

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти,...