fbpx

Во декември истекува мандатот на уште еден судија, работaта на Уставниот суд ќе биде блокирана

-

Алармантната состојба со неизбрани судии во Уставниот суд продолжува, при што државата ќе се најде во уставна криза што ќе има за последица од декември да нема услови за одржување на седници и Уставниот суд ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните.

Вакво предупредување денеска испрати претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во писмата до претседателот на Судскиот совет, Павлина Црвенковска и до Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Кацарска ги известува дека мандатот на уставниот судија Вангелина Маркудова, избрана со Одлука бр. 07 -4538/1 од 21 ноември 2013 година на Собранието на Република Северна Македонија, истекува на 7 декември 2022 година.

„Без да навлегувам во надлежностите и начинот на работа на Судскиот совет, сакам да укажам на потребата од благовремено утврдување предлог за избор на нов судија. Во прилог на ова е и сегашната состојба во Судот којшто работи на граница на кворум поради неизбирањето на останатите четворица судии од страна на Собранието, на што се чека веќе 17 месеци“, наведува Кацарска во писмото до претседателката на Судскиот совет.

Во писмото до собранискиот спикер Талат Џафери, претседателката на Уставниот суд апелира на сериозен пристап од страна на сите пратеници кон Уставниот суд и очекува Собранието да ги избере сите пет уставни судии, бидејќи со истекот на мандатот на судијата Маркудова на 7 декември оваа година, државата ќе се најде во уставна криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...