fbpx

Чесите со сатира ја исмеваат руската анексија на делови од Украина, „си го бараат Калининград назад“

-

Чешки интернет пранкери создадоа лажна веб-страница и профил на Твитер за припојувањето на Калининградската област кон Република Чешка. VisitKralovec.cz е најновиот сатиричен обид за да се покаже апсурдноста на неодамнешната одлука за припојување на четири украински региони кон Руската Федерација. Онлајн доста вирална стана и онлајн петицијата за припојувањето на Калининград кон Чешка и негово преименување во Краловец.

„Краловец е Република Чешка. По успешниот референдум, 97,9 отсто од жителите на Калининград одлучија да се приклучат на Република Чешка и да го преименуваат Калининград во Краловец“, се наведува на насловната страница на VisitKralovec.cz.

Меѓу пара-вестите објавени на сајтот, стои и дека чешката влада на 4 октомври го потпишала указот за анексија на Калининград кон Република Чешка, повикувајќи ги туристите да ја посетат “новоосвоената” чешка територија, пишува Expats.cz.

Онлајн кампањата на пранкеритеостана до толку вирална на социјалните мрежи, што дури и Амбасадата на САД во Прага на официјалниот профил на Твитер се приклучи кон ваквата сатира.

Истовремено, организираната онлајн петиција за анексија на Калининград од Чешка веќе има над 18.500 потписи. Автор на петицијата е AZ247.cz, чешки веб-сајт за сатира.

Потписниците на сатиричната петиција бараат од чешката влада да испрати војници во Калининград за да распишат референдум којшто би завршил со поддршка од 98 отсто на населението за припојување кон Република Чешка.

Сатиричната кампања ја поддржаа и дел од пратениците во Европскиот парламент, пишуваат чешките медиуми.

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во...
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download
download redmi firmware
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free