fbpx
Таг: Собрание на РСМ

таг: Собрание на РСМ

Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница. Станува збор за предложените измени на Законот...

Под знамето на ЕУ

Да ги погледнеме најпрвин здодевните формалности: Деловникот на Собранието на Република Македонија воведе посебни одредби за закони со кои се врши усогласување со законодавството на ЕУ со измените од 2008 година. Суштествените одредби се однесуваа на тоа дека на пратениците со предлогот на законот требаше да им се дадат информации и да им биде образложено какво е усогласувањето. Попрецизно, содржината...

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на 115-тата седница закажана за...

Лани за околу 20 отсто бил зголемен бројот на претставки до Народниот правобранител

Бројот на претставки од граѓаните до Народниот правобранител во 2022 година се зголемил за околу 20 отсто во споредба со претходната година. Лани оваа институција примила 3.209 претставки од граѓаните, при што најголемиот дел од примените претставки се однесуваат на заштита на правата од областа на правосудството, или вкупно 534 претставки доставени во текот на 2022 година. Народниот правобранител Насер...

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред пратениците

Македонската влада информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, вклучени во изградбата на автопатите, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. „Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора,...

Чекор напред кон прифаќање на дипломите и движењето со лична карта во Западен Балкан

Собранието на РСМ денеска ги ратификуваше договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан. Трите договори беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември лани од страна на премиерите на Северна Македонија, Србија, Албанија,...

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за да ги изгради автопатите ќе треба да користи барем половина од ресурсите во државава, при што како подизведувачи би биле ангажирани механизација и градежни компании. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не треба да постои сомнеж за изградбата на четирите автопати, но и додаде дека договорот со овој конзорциум не се објавува бидејќи има доверливи податоци...

Власта вели дека нема да плаќаме пенали ако Собранието ги отфрли законите за автопатите

Владејачката партија СДСМ се јави со реакција, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги околу законските измени и дополнувањата со кои би се забрзала изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д. Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектот вреден 1,3 милијарди евра, со кој ќе се изградат на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и...

Собранието ја избра Елизабета Дуковска за уставна судијка

Собранието на РСМ со 64 гласа „Зa“ денеска ја избра Елизабета Дуковска за судија во Уставниот суд. Дуковска ќе ја замени Валентина Маркудова, чиј мандат истече во декември 2022 година. Таа за нов судија во Уставниот суд беше предложена од Судскиот совет. Инаку, Уставниот суд досега функционираше со шест од вкупно девет судии. Во Собранието од страна на опозицијата е...

Собранието во прва фаза ги усвои законските измени за изградба на автопатите

Предложените измени и дополнувања на осум закони денеска ја поминаа првата фаза на читање во Собранието. Предложените законски измени во прво читање се најдоа пред пратениците по скратена постапка и беа експедитивно усвоени во текот на денешниот ден, но без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, како и...

Се бара Собранието итно да избере членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Собранието итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за да ги пополни позициите кои долго време се празни, поради што институцијата работи со недоволно капацитети, бара Мрежата за заштита од дискриминација. Оттаму велат дека собраниската Комисија за избор и менување веќе доцни и дека не ги почитува роковите од...

Собранискиот сајт бил цел на сајбер напад

Веб страницата на Собранието на РСМ била под сајбер напад, информираат од Собранието на РСМ. Од законодавниот дом велат дека набрзо по нападот собранискиот сајт е вратен во функција, пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Од Кабинетот на претседателот Талат Џафери посочуваат дека нивните ИТ експерти констатирале дека нападите доаѓале од странски ИП адреси, и поради тоа засега до...

Сите средношколци да се возат бесплатно во автобус, бара Средношколскиот сојуз

Сојузот на средношколци денеска достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование до Собранието, со кој бара сите ученици кои се запишани во јавните и приватните средни училишта, да можат да се возат бесплатно во јавниот превоз. „Во државата има 71.000 средношколци. Од нив, 2.000 учат во приватните училишта. Ние бараме бесплатен превоз и за оние ученици...

Сали, Чупи и Алити заминуваат од министерските позиции

Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи заминуваат од министерските позиции во Министерството за здравство, за информатичко општество и администрација, како и од министерската позиција без ресор за дијаспора. За разрешување на Сали гласаа 65 пратеници од присутни 105, без воздржани или против, додека за разрешување на Алити и Чупи имаше по 64 гласа „за“ и по еден „против“. Оваа...

Измени во Кривичниот законик, за напаѓачите на новинари ќе следи затворска казна

По две години чекање, новинарите дочекаа нападите врз нив да се третират како напад врз службено лице, а со тоа и напаѓачите да добијат затворска казна. Измените на Кривичниот законик вчера беа усвоени од страна на пратениците во Собранието на РСМ. Претседателот Стево Пендаровски е следен на потег за да стави потпис на законските измени, по што истите треба...

Заменик-министерот Зоран Димитровски поднесе оставка, премиерот уверува на стабилно мнозинство

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник. Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива...

Попладнево собраниска седница за владина реконструкција, Алтернатива оди во опозиција

Македонското Собрание попладнево од 15 часот ќе ја одржи седницата за разрешување на досегашни министри и заменици од актуелниот владин состав. На 104-тата седница е предвидено да се разрешат министерот за здравство Беким Сали, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи. Се очекува на собраниската седница премиерот Димитар Ковачевски да...

Зеќир Рамчиловиќ ќе биде амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка од СДСМ во Собранието

Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник од владејачката коалиција на СДСМ во Собранието на РСМ ќе биде новиот македонски амбасадор во Црна Гора, откако денеска му беше одобрено новото назначување за амбасадор во Црна Гора. На негово место, нова пратеничка од СДСМ и коалицијата од 3-та изборна единица ќе биде Даниела Стојановска - Пановска, професорка во средно училиште. Крајот на мандатот на Рамчиловиќ...

Комисијата за антидискриминација потврди: Општина Карпош ги дискриминира лицата со попреченост

Општина Карпош континуирано ги дискриминира граѓаните со попреченост кои се жители на оваа општина, истовремено кршејќи го Уставот на државата. Вака одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), повикувајќи се на истражувањето на Порталб.мк за нефункционалноста на канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ, пишува Порталб.мк. Според КСЗД, со оглед на тоа што Канцеларијата...

Кацарска: Пратениците се неодговорни спрема уставните обврски, затоа сме без една третина од судиите

За Уставниот суд годинава била полна со неизвесност и oтежнато функционирање во вршењето на неговите надлежности, а темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни спрема уставните обврски. Ова денеска го изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. „Беа избрани двајца нови...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...