fbpx

Заменик-министерот Зоран Димитровски поднесе оставка, премиерот уверува на стабилно мнозинство

-

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник.

Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива се одлучи да го напушти владејачкото мнозинство, откако премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието на РСМ списокот на министри и заменици министри кои ќе бидат разрешени од функцијата.

Во Собранието вчера започна пленарната седница за реконструкција на владата, при што нов коалиционен партнер во владата е Алијанса на Албанците. Сепак, најавите за излегување од власта на Демократскиот сојуз и на Алтернатива го поставија прашањето за бројот на пратеници што ќе гласаат за реконструкција на актуелниот владин состав.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека владејачкото мнозинство е силно и дека ќе има над 64 пратеници што ќе гласаат за владината реконструкција во Собранието.

„Одлуката која што ја донесе Демократскиот сојуз на Павле Трајанов не претставува рушење на владиното мнозинство“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека внесувањето на Алијанса на Албанците во владата ќе го зацврсти владејачкото мнозинство и ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата, но и унапредување на животниот стандард на граѓаните во сите области.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска порачаа дека поддршката на премиерот Ковачевски за владата се намалува, а коалицијата се ситни по излегувањето на Алтернатива и Демократски сојуз. Од најголемата опозициска партија соопштија дека премиерот прави крпена „Пазар 3“ коалиција за уште 10 месеци да продолжи со криминалот, но и дека поддршката за ваквата влада се намалува.

Инаку, независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд, кој лани ја напушти партијата Алтернатива, во изјава за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 синоќа изјави дека ќе го поддржи разрешувањето единствено на министерот за здравство Беким Сали, но и додаде дека нема да гласа за разрешувањето на останатите министри и заменици-министри од актуелната влада.

Попладнево собраниска седница за владина реконструкција, Алтернатива оди во опозиција

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...