fbpx
Таг: Собрание на РСМ

таг: Собрание на РСМ

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги - Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол во железничкиот сообраќај во...

Албанските опозициски партии го проблематизираат усвојувањето на уставните измени

По вчерашното интервју на лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами дека нивните пратеници нема да гласаат за измените за внесување на Бугарите во Уставот, доколку не се избрише формулацијата „20% од јазикот кој го зборуваат граѓаните“ а новата формулација да биде „албански јазик“, денеска иста реакција стигна и од партиите Алтернатива и Демократското движење. Мерита Колчи Коџаџику, пратеничка на Демократското...

Мицкоски се закани со напуштање на Собранието, му одговорија од Министерство за правда

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се закани дека пратениците од оваа партија ќе го напуштат Собранието на РСМ доколку власта стави европско знаменце на Законот за амнестија. Мицкоски рече дека ќе го блокираат донесувањето на ова законско решение, кое е за амнестија на криминалци. Очекувањето е опозицијата да достави голем број амандмани на Законот за амнестија, но доколку тој...

Пратеничката Стојановска обвинува за сексистичка провокација на Маричиќ, тој демантира

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска денеска го обвини вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ дека зад микрофон и зад камери, за време на собраниската седница додека она говорела, тој недолично довикувал и се однесувал. „Вицепремиерот Маричиќ, денес најпрво дофрлаше за да деконцентрира, како и многупати досега, а потоа прејде на безобразно и лигаво гестикулирање, заборавајќи дека е во Собрание, а не...

Мицкоски не гледа причина зошто да се сретне со германскиот пратеник Михаел Рот

Откако германскиот пратеник и претседавач со Комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаил Рот не се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска опозицискиот лидер изјави дека никаде не пишувало оти треба да се сретне со сите што доаѓаат во земјава. „А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека...

Владата предлага поблаги казни за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување

Владата до Собранието го достави предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања. Предложените законски измени се доставени до парламентот за да се разгледуваат по скратена постапка, а Комисијата за европски прашања на денешната седница од 13 часот ќе го разгледува доставениот предлог како...

Директорот на ОТА закажа, па откажа прес-конференција

Директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски вчера ги повика медиумите на прес-конференција која што требаше да се одржи денеска од 11 часот, но утрово од неговиот кабинет стигна соопштение дека се одложува пресот на неодложено време поради итни и неодложни работи. Инаку, мандатот на актуелниот директор на ОТА истекува утре, а негов наследник не е избран, при што останува...

Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

Барањата за одговорност и целосно расчистување на случајот со сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија не запираат. Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за политичките и здравствените функционери. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за...

Од 1 до 10, пратениците оценети со 5,5 во однос на квалитетот на дебатата во Собрание

На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието на Република Северна Македонија во првото полугодие на 2023 година е 5,5, што е влошување од претходното полугодие (јули – декември 2022) кога оценката беше 5,7. Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јануари – јуни 2023 година. Во фокус биле дискусиите што се...

Џафери: Претседателот на Собранието има право да ја прекине седницата

Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини собранискиот спикер Талат Џафери дека спротивно на Деловникот ја одложил точката за гласање за уставните измени на собраниската седница, Џафери на прес-конференција одговори дека партијата ја дезинформира и манипулира јавноста. Претседателот на Собранието рече дека имал целосно право и се водел од неговата политичка проценка за одлуката да ја прекине седницата откако расправата беше...

Заврши собраниската расправа за уставните измени, гласањето одложено

Собранието на РСМ попладнево ја заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со кој се предвидува внесување на Бугарите и на уште пет други етнички групи во преамбулата на Уставот. Последно обраќање имаше координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, по што собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина работата на оваа седница и информираше дека...

Ќе видиме кој ја блокира европската иднина на земјава, порача Ковачевски на седницата за уставни измени

Собранието на РСМ со 70 гласа „за“, 47 „против“ и без ниту еден воздржан претпладнево го усвоија дневниот ред на 123. седница, на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет други етнички заедници во преамбулата на Уставот. По утврдувањето на дневниот ред, пред пратениците се...

Ковачевски пред утрешната седница: На владата не ѝ се потребни 80 пратеници, туку на граѓаните

Пред утрешната собраниска седница на чиј дневен ред треба да се најдат уставните измени, премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека двотретинско мнозинство или 80 пратеници не ѝ се потребни на владата, туку на граѓаните на оваа држава. Ковачевски додава дека за првпат опасност за вето кон пристапувањето во ЕУ не би дошло од надвор, туку од внатре во земјава. Тој...

ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени, од СДСМ бараат одговорност на петочната седница

Пред почетокот на собраниската седница в петок, на чиј дневен ред треба да се најдат уставните измени, најголемите политички партии остануваат на веќе познатите позиции. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ќе гласаат против уставните измени, додека од СДСМ бараат одговорност од опозицијата за европската иднина на земјава. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска имала редовна координација...

Нема промени во ставовите на партиите за уставните измени

Нема промена во ставовите на партиите на пет дена пред собраниската седница за уставните измени. Владејачкото мнозинство кое ќе гласа за промена на Уставот и за внесување на Бугарите во Уставот, нема обезбедено 80 пратеници. Од ВМРО-ДПМНЕ се на став дека во петок нема да има уставни измени, а за да нема нова политичка криза, според нив, треба да се случат...

Ковачевски верува во пратениците за уставните измени, предлогот уште не поминал на влада

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека меѓу 120 пратеници од Собранието на РСМ има мнозинство кое е за европската интеграција на државата и се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став за уставните измени искажан на лидерската средба што се случи пред две недели. „Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на својот став, јавно искажан од нивниот претседател Христијан Мицкоски...

Ковачевски би отстапил од премиер, ако има некој од ВМРО што ќе сака да ги потпише уставните измени за во Собрание

Премиерот Димитар Ковачевски би го отстапил премиерското место, доколку некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест да ја потпише како премиер иницијативата за предложените уставни измени што треба да се достават до Собранието. Од владата брифираат дека Ковачевски со големо задоволство би му ја отстапил на ВМРО-ДПМНЕ таа чест. Исто така, штом ДУИ се согласни и првиот...

Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од...

Измените на Законот за работни односи утре пред пратениците на пленарна седница

Предложените измени на Законот за работни односи утре ќе се најдат на пленарна седница пред пратениците во Собранието на РСМ. Измените на овој закон веќе го минаа филтерот на собраниската Комисија за европски прашања, каде беа разгледани по скратена постапка поради „европското знаменце“. Инаку, собраниската Комисија за европски прашања и денеска продолжи со работа по останатите четири предлог-закони, кои Владата...

Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце

Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече дека измените и дополнувања на...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...