Вжештена расправа за Законот за работни односи, ССМ вели дека се силуваат работничките права

Опозицијата има голем број забелешки во однос на законските измени. Ковачки рече дека во случајов, ќе се бара писмена согласност од работникот за прекувремена работа, што во превод би значело тој да се тера да прави нешто што е неуставно

-

Измените на Законот за работни односи на расправата на седницата во Собранието ги судри аргументите на партиите од владејачкото мнозинство и на опозицијата.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците рече дека власта на брза лента ги турка законите со европско знаменце кои се однесуваат на Коридорите 8 и 10д, а претходно реагираше и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од каде ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат.

„Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија и да се спротивстават на воведувањето 72-часовна работна недела. Да не дозволиме сите заедно воведување на 12-часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии да се охрабрат и да не прават кворум во парламентот за гласање на Законот за работни односи со кој се злоупотребува европското знаменце и се силуваат работничките права“, изјавија од ССМ.

Опозицијата има голем број забелешки во однос на законските измени. Ковачки рече дека во случајов, ќе се бара писмена согласност од работникот за прекувремена работа, што во превод би значело тој да се тера да прави нешто што е неуставно.

„Кажувате дека овој закон може да се спроведува дури и во недела. Па таква фама направивте за тој законот за недела неработен ден, пи-ари се правеа, прослави се правеа. Каде е Основното јавно обвинителство да се произнесе, ќе чекаме ли одговор од него или ќе одиме на сила да ги тераме овие работи?“, рече Ковачки.

Неговата сопартијка Олга Лозановска, пак, ваквиот начин на носење закони по скратена постапка го оцени како криминално.

„Во изминатите неколку денови сведоци сме на како Владата по брза постапка без дебата во Собранието носи закони спротивни на голем број начела и уставни одредби. Ваквото носење на законски измени по скратена постапка со европско знаменце е насилна, криминал кој Владата го прави“, рече таа.

Пратениците од СДСМ пак ги претставија своите аргументи дека Коридорот 8 и 10д е од огромно значење за земјава и една од најголемите капитални инвестиции.

Во меѓувреме, тече расправата меѓу членовите на собраниската Комисија за европски прашања по Предлогот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, кој е уште еден од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17 амандмани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од приватната болница „Плодност“. Станува збор за прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец....