fbpx

Од 1 до 10, пратениците оценети со 5,5 во однос на квалитетот на дебатата во Собрание

Извештајот за овој период покажува ниско ниво на квалитет на дебата и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување

-

На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието на Република Северна Македонија во првото полугодие на 2023 година е 5,5, што е влошување од претходното полугодие (јули – декември 2022) кога оценката беше 5,7. Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јануари – јуни 2023 година. Во фокус биле дискусиите што се однесуваат на точки од собранискиот дневен ред кои спаѓаат во областите на владеење на право, човековите права и демократија.

Извештајот за овој период покажува ниско ниво на квалитет на дебата и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување.

Нивото на аргументирање е благо влошено во споредба со претходниот период на набљудување јули – декември 2022 година. Говорниците во 49 отсто од нивните анализирани излагања немале аргументи, додека во 44 отсто слабо аргументирале. Во само 7 отсто од набљудуваните дискусии говорниците користеле еден аргумент за да ја образложат нивната позиција, што е на речиси исто ниво во споредба со претходниот период. Само 8 говорници користеле 2 аргумента, додека повеќе од два аргумента за да ја поткрепат својата позиција имало само во само 0,1 отсто од набљудуваните излагања.

Пратениците во 11 отсто од набљудуваните дискусии користеле факти од истражувања, искуство, документи и други релевантни извори како дел од нивното образложение, со што се потврдува генералното ниско ниво на аргументирање.

Во овој период на известување, во набљудуваните дискусии не била забележана промена на став кај пратениците поради подобри аргументи на соговорниците или каква било друга причина, што е на исто ниво со минатиот период на набљудување (јули – декември 2022 година), велат од Институтот за демоктарија.

Кога станува збор за односот на пратениците кон личноста на своите колеги од друга политичка партија, во 3 отсто од дискусијата е искажано почитување што укажува на значителен пад во однос на претходниот период на набљудување кога почитување било искажано во 17 отсто од случаите.

Извештајот го потврдува и константно нискиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување. Забележано е дека пратениците во околу 87,3 отсто од нивната дискусија не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права.

Поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 76 отсто од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 24 отсто. Најдолго на пратеничката говорница се задржувале пратениците Дејанчо Ефтимов, Здравко Трајанов и Бети Стаменкоска-Трајкоска, а најчесто се јавувале за збор Здравко Трајанов кој зел збор 85 пати, Дејанчо Ефтимов и Бојан Стојаноски 70 пати и Лидија Петкоска со 59 пати.

Учеството на жените во дискусијата било 43 отсто и се задржува на релативно високо ниво, исто така претставува највисоко учество на жените во дискусијата во споредба со претходно набљудувани мандати.

Институтот за демократија од јуни 2014 година, го следи квалитетот на дебатата во Собранието и работата на Собранието генерално. Во јануари 2020 година, почна четвртиот циклус на мониторинг, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана од Владата на Швајцарија.

Овој проект се спроведува во партнерство со Националниот демократски институт (НДИ) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...