fbpx

Измените на Кривичниот законик минаа во прво читање, новинарите чекаат на поголема заштита

-

Пратениците од Собранието на РСМ вчера со 85 гласа „ЗА“ и ниту еден воздржан и против ги усвоија во прво читање измените на Кривичниот законик. Меѓу другите членови, со измените е предвидена поголема заштита на новинарите и медиумските работници при евентуални напади, односно затворска казна од шест месеци до пет години за лицата кои ќе извршат напад на новинари.

Сепак, за да стапи во сила Кривичниот законик неопходно е во Собранието ваквите измени да поминат и на второ читање. Времето што ќе биде потребно за да помине финалното гласање на измените во Кривичниот законик во второ читање ќе зависи од комисиската расправа и приоритетот којшто пратениците би им ги дале на овие измени на претстојните собраниски седници.

Инаку, Здружението на новинари на Македонија и новинарскиот синдикат на почетокот од ноември годинава реагираа дека поминале 17 месеци откако Владата, односно Министерството за правда ги испратиле овие измени на Кривичниот законик во Собранието за нивно усвојување. Тие побараа итно усвојување на амандманите на Кривичниот законик со кој ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници, со тоа што нападите врз нив би се третирале по службена должност од обвинителството и институциите.

Доколку се усвојат измените на Кривичниот законик, тогаш убиството, присилбата, загрозувањето на сигурноста и спречувањето службено лице во вршење службено дејствие се новите дела кои ќе бидат воведени со измените на Кривичниот законик, во делот за заштита на новинарите во вршењето на нивните работни задачи.

Освен за новинарите, членот 6 став 8 се однесува и на лишување од живот на судија, јавен обвинител при вршењето на неговата функција, односно дејност, адвокат, лекар или друг здравствен работник, или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...