вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: затворска казна | 46 резултати

Затвор од 15 месеци за тетовскиот анестезиолог кој сподели видео на ТикТок

17 мај 2023

Со 15 месеци затворска казна е казнет анестезиологот Ваљтон Дервиши од одделението за гинекологија во тетовската болница, кој во живо сподели видео на ТикТок на кое можеа да се видат пациенти и медицински персонал. Одлуката беше донесена по денешното рочиште во Основниот суд во Тетово. Тој го призна извршеното дело и за истото се извини, […]

Три години затвор за сопственикот на „Доказ“ и 10 години забрана да отвора портал во земјава

4 април 2023

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“, Основниот Кривичен суд во Скопје му изрече казна затвор од 3 години и 1 месец, а тој доби забрана од 10 години да регистрира веб-портал во земјава. Со првостепената пресуда, престанува да важи регистрацијата и на сите досега регистрирани домени на негово име. Пресудата е неправосилна и тој […]

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

24 март 2023

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската казна на поранешниот премиер Никола Груевски од седум на девет години. Со првичната пресуда на Основниот кривичен суд од Скопје Мијалков беше осуден на една година […]

Белорусија со 10 години затвор го казни добитникот на Нобеловата награда за мир

3 март 2023

Продемократскиот активист и добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјаљацки е осуден од судот во Белорусија на 10-годишна затворска казна, јавува Гардијан. Бјаљацки беше притворен во јули минатата година, при што беше обвинет за финансирање на антивладините протести во 2020 година и за затајување данок. Како основач на организацијата „Вјасна“, тој долги години се […]

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

1 февруари 2023

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб. […]

Со потерница се бара затвореникот што пукаше во затворски полицаец и избега на пат до болница

13 јануари 2023

Издадена е наредба за распишување на централна потерница за затвореникот Б.М. (36), кој вчера при спроведување во болница поради повреда, пукал во затворски полицаец и избегал, соопштија денеска од Управата за извршување санкции. Оттаму информираат дека ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите кои довеле до […]

Даравелски побара ново судење

11 јануари 2023

Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој по две децении престој во Белград вчера на „Табановце“ ѝ се предаде на македонската полиција, поднел барање за повторување на постапката. Од Основниот кривичен суд Скопје  велат дека за да се одлучи дали ќе има повторно судење, првин треба да […]

Убијците на Денис Тот добија вкупно 52 години затворска казна

30 ноември 2022

По 18 години затворска казна добија Анџело Ѓоргиевски и Клементина Левковска, а 16 години затворска казна доби Андреј Костовски, за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи тројцата обвинети за виновни за убиството на ракометарот Тот кое се случи на 7 април годинава пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Градскиот […]

Апелациониот суд ја укина осумгодишната казна за Сашо Мијалков

25 ноември 2022

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој од Кривичниот суд беше осуден на осумгодишна казна затвор. „Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите […]

Измените на Кривичниот законик минаа во прво читање, новинарите чекаат на поголема заштита

22 ноември 2022

Пратениците од Собранието на РСМ вчера со 85 гласа „ЗА“ и ниту еден воздржан и против ги усвоија во прво читање измените на Кривичниот законик. Меѓу другите членови, со измените е предвидена поголема заштита на новинарите и медиумските работници при евентуални напади, односно затворска казна од шест месеци до пет години за лицата кои ќе […]

Орце Kамчев од 6 ноември е на слобода

9 ноември 2022

Бизнисменот Орце Камчев oд 6 ноември е на слобода и нема обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга каде што ја отслужуваше затворската казна. Како што објави „360 степени“, тој тогаш го искористил правото на викенд кое го имаат затворениците во КПД Струга и повеќе нема да се врати, бидејќи со тоа […]

Мијалков се спогоди за „Империја“: Три години затвор и ќе му конфискуваат 36 милиони евра

8 јули 2022

Сашо Мијалков, осомничен во предметот „Империја“ за перење пари е осуден на три години ефективен затвор откако денеска призна вина во спогодба со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, објави СДК. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдиле и за телевизија Телма дека Мијалков ја признал вината и се спогодил за предметот […]

Шест години затворска казна за Груевски за случајот „Талир 2“, судот ќе ја конфискува Белата палата

8 јуни 2022

За виновни се прогласени поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата и на тогашната Влада Кирил Божиновски, за незаконската изградба на Белата палата – седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Основниот кривичен суд Скопје го осуди Груевски на затворска казна од шест години, додека Божиновски доби условна казна од […]

Врховен суд го отфрли барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Насилство во Општина Центар“

29 април 2022

Врховниот суд го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за судскиот случај „Насилство во Општина Центар“, во кој Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите обвинети беа осудени на условни казни. „Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на […]

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот што ја прегази Викторија кај „Сити мол“

11 април 2022

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот Јордан Ѓоргиев кој на 20 јануари со БМВ џип ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“. Судот образложи дека висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело, затоа што […]

Јовановски осуден на затворска казна од 9 години за „Меѓународен сојуз“, Ременски ослободена

7 април 2022

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја изрече пресудата за судскиот случај „Меѓународен сојуз“. Судот досуди три затворски казни, при што Бојан Јовановски (Боки-13) е осуден на 9 години затворска казна за делата измама и перење пари. За виновна е прогласена и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, која доби казна-затвор од 4 години за помагање на двете дела. […]

Случајот „Јавна соба“ решен со затворски казни од 4 години за обвинетите

11 март 2022

Основниот кривичен суд Скопје денес изрече две затворски казни од 4 години за главните обвинети за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата, Дарко Костовски и модераторот Михаил Паневски одговараа за кривично дело за злоупотреба на фотографии од голи жени и девојки како и лични податоци (име, презиме, телефонски број, адреса на живеење) и нивно дистрибуирање […]

Соборената лидерка на Мјанмар осудена на четири години затвор од воениот режим

6 декември 2021

Аунг Сун Су Чи, добитничка на Нобеловата награда за мир и поранешна премиерка на Мјанмар која беше соборена од војската, осудена е на четири години затвор, јавуваат светските медиуми. Су Чи беше симната од власт со воениот пуч што се случи во февруари годинава во Мјанмар. Војската тогаш ја презеде власта, уапси над 10.600 лица, […]

Апелација ја потврди казната од 1,5 години затвор за Груевски за шамарите пред Општина Центар

29 ноември 2021

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна од 1 и пол година за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Насилство во општина Центар“, којшто се однесува на шамарите и демолирањето на бараките на Општина Центар во периодот на неговото владеење. „Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. […]

Убиецот на Џорџ Флојд доби 22,5 години затвор

26 јуни 2021

Дерек Шовин, тогашен полицаец кој минатата година на улица во Минеаполис го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, вчера беше осуден на затворска казна од 22 и пол години. По убиството почнаа серија на големи протести против кршење на правата на Афроамериканците под мотото „Црнечките животи вредат“, кои честопати се претвораа во безредие. Како што извести Си-ен-ен, […]

Страна 1 од 3