fbpx

Даравелски побара ново судење

-

Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој по две децении престој во Белград вчера на „Табановце“ ѝ се предаде на македонската полиција, поднел барање за повторување на постапката.

Од Основниот кривичен суд Скопје  велат дека за да се одлучи дали ќе има повторно судење, првин треба да се побараат податоци од затворот „Идризово“, како и мислење од Основното јавно обвинителство.

„Согласно барањето, оформен е предмет кој е распределен пред надлежен кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно Законските надлежности, најпрво ќе се обрати за податоци до установата каде што тој е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат навреме известени“, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Даравелски беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во периодот од 1999 до 2002 година. Според актуелниот Кривичен законик (КЗ), апсолутна застареност за кривични дела за кои е предвидена максимална затворска казна од 10 години настапува кога ќе помине двапати повеќе време од периодот кога е сторено кривичното дело.

Според Министерството за правда, апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1,К.бр.809/05 настапува на 26 .03 2028 година.

Отворената шанса Даравелски да бара повторно судење му ја овозможува Законот за кривична постапка, каде што во ставот 1 од членот 456 се предвидува дека постапката ќе се повтори ако осуденикот или неговиот адвокат поднесат барање во рок од една година откако лицето ќе дознае за пресудата со која е осудено во отсуство.

И во ставот 2 од истиот член се предвидува ново судење доколку против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство.

До сега три пати биле побарани екстрадиции за Даравелски, Прво во 2004, па 2013 година, а последната е побарана во јуни 2020 година.

Избеганиот Драган Даравелски приведен на „Табановце“

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...