Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот што ја прегази Викторија кај „Сити мол“

-

Три години затвор и три години забрана за возење доби возачот Јордан Ѓоргиев кој на 20 јануари со БМВ џип ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш кај „Сити мол“.

Судот образложи дека висината на казната за тешки дела во сообраќајот е помала од законски предвидениот минимум од 4 години за ова дело, затоа што се земени предвид и олеснителните околности.

„Обвинетиот го призна делото, изрази каење, покажа свест на противправноста на стореното, неговата возраст, дека станува збор за млада личност на возраст 23 години, пред која претстои цел животен пат и кој првпат доаѓа во судир со законот“, рече судијката Љубинка Башеска.

Од семејството на загинатата рекоа дека се згрозени од, според нив, прениската казна.

„Згрозен сум од оваа држава и од судството. И затоа има толкав голем процент на доверба во судството, нула проценти. Друго немам ништо. Згрозени сме ние како фамилија со ваква пресуда и немам зборови, затоа сите ја напуштаат оваа држава“, рече таткото на загината Викторија Николова.

Незадоволни од пресудата беа и адвокатите на семејството на Викторија, но и на нејзиното момче кое беше повредено при ударот.

„Ваква казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Веднаш во консултација со Јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен во однос на дадената жалба. Имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина, делото е такво како што е, а имаме пресуда која речиси е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние да биде жртви на сообраќајни несреќи. Ова мора да престане веднаш“, изјави Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.

Адвокатот на обвинетиот Ѓорѓиев е задоволен со изречената казна, но рече дека ќе поднеселе жалба за одлуката за притвор.

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани...