Јовановски осуден на затворска казна од 9 години за „Меѓународен сојуз“, Ременски ослободена

-

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја изрече пресудата за судскиот случај „Меѓународен сојуз“. Судот досуди три затворски казни, при што Бојан Јовановски (Боки-13) е осуден на 9 години затворска казна за делата измама и перење пари. За виновна е прогласена и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, која доби казна-затвор од 4 години за помагање на двете дела. Една година затвор доби и Христина Блажевска како соработничка на Боки-13.

Ослободителна пресуда судот изрече на Фросина Ременски, која беше обвинета за помагање во делото измама. Судот пресуди дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото по кое таа се товареше.

Таткото на Боки-13, Миле Јовановски доби условна казна од 2 години затвор, која нема да биде извршена доколку во наредните 5 години не стори ново кривично дело.

Како правно лице, Меѓународниот сојуз е прогласен за виновен и ќе треба да плати парична казна од 1 милион денари. Судот пресуди и конфискација на имотната корист стекната или употребена за кривично дело.

Пресудата не е правосилна, а осудените лица имаат право да поднесат жалба до Апелациониот суд Скопје по изнесената пресуда.

Судскиот случај „Меѓународен сојуз“ се водеше врз основа на обвинението за измама и перење пари на околу 1 милион евра, кои биле земени од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...