петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: напад врз новинари | 15 резултати

Русија го приведе американскиот новинар Еван Гершкович од „Волстрит Журнал“

март 30, 2023

Американски новинар кој работи за угледниот весник „Волстрит Журнал“ е приведен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти Руската служба за безбедност ФСБ, пренесува Би-би-си. Еван Гершкович, искусен новинар од Русија, работел во градот Екатеринбург во моментот на притворањето. „Волстрит журнал“ соопшти дека е „длабоко загрижен“ за неговата безбедност. ФСБ соопшти дека ги „запрела нелегалните […]

Убиен чувар при напад на телевизијата Топ Чанел во Тирана

март 27, 2023

Чувар го загуби животот синоќа кога непознати лица пукале од огнено оружје кон седиштето на националната телевизија Топ Чанел во Тирана, пренесе Гласот на Америка на албански јазик. Полицијата соопшти дека чуварот бил вработен во фирма за физичко обезбедување на објекти. Веднаш била формирана истражна група за расветлување на настанот, откривање и апсење на сторителите, […]

ОЈО Скопје поднесе обвинение против лицето што ја нападна новинарската екипа на ТВ 24

ноември 23, 2022

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривичното дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. „Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог […]

Измените на Кривичниот законик минаа во прво читање, новинарите чекаат на поголема заштита

ноември 22, 2022

Пратениците од Собранието на РСМ вчера со 85 гласа „ЗА“ и ниту еден воздржан и против ги усвоија во прво читање измените на Кривичниот законик. Меѓу другите членови, со измените е предвидена поголема заштита на новинарите и медиумските работници при евентуални напади, односно затворска казна од шест месеци до пет години за лицата кои ќе […]

Полицијата го приведе насилникот што нападна снимател на ТВ 24, ЗНМ реагира

ноември 15, 2022

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера вечер го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од снимателот во телевизија 24 Љубиша Игнатов, кој вчера беше физички нападнат од него околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје. „Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од […]

ЗНМ и ССНМ побараа законските измени што ги засегаат новинарите да бидат донесени што побрзо во Собранието

ноември 2, 2022

Сега, повеќе од кога било е потребно нападот врз новинарите да се третира како напад врз службено лице, време е да се направи поголем исчекор во оваа насока, истакна претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски на прес-конференцијата што пред Собранието ја одржаа ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници […]

Балканската мрежа за борба против дезинформации изразува поддршка за хрватските проверувачи на факти Faktograf.hr

декември 21, 2021

Балканската мрежа за борба против дезинформации објави соопштение со поддршка за хрватскиот медиум за проверка на факти Faktograf.hr чии вработени беа предмет на смртни закани, додека нивната веб-страница претрпе масовен кибер-напад што ја попречува нејзината основна функционалност . Овој последен бран напади против проверувачите на факти, кој започна на 10 декември, ја проширува постојаната кампања […]

Метаморфозис изразува поддршка за хрватски Faktograf.hr, којшто е цел на смртни закани и хакерски напади

декември 16, 2021

Фондацијата Метаморфозис и редакциите на сервисот за проверка на факти  Вистиномер, новинската агенција Мета.мк и порталот за вести PortAlb.mk изразуваат поддршка и солидарност за хрватскиот медиум за проверка на факти Faktograf.hr чии новинари се цел на смртни закани, хакерски напади и против кои се води оцрнувачка кампања наменета да ја задуши нивната слобода на изразување. Членовите на Меѓународната […]

ЗНМ: Осуда на понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21

октомври 19, 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачки однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос, посебно кон жените новинарки во државата. „Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се […]

Над 50 медиумски работници повредени на анти-ЛГБТИ протест во Грузија, се бара истрага за насилството

јули 6, 2021

На анти-ЛГБТИ протестот што се одржа вчера во грузискиот главен град Тбилиси се повредени над 50 медиумски работници, јавуваат светските агенции. Протестот се одржа против планираниот марш на гордоста во Тбилиси, при што учесниците на анти-ЛГБТИ извршиле 107 напади врз 54 новинари, фоторепортери и сниматели на медиумите. Веднаш по ваквиот напад, организаторите на маршот на […]

ЗНМ и ССНМ ги осудија нападите врз новинарите и медиумските работници на денешниот протест за „Монструм“

февруари 26, 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудија и ги оценија како неприфатливи денешните напади врз новинарите и медиумските работници кои се случија за време на протестите против пресудите за случајот „Монструм“. Првиот физички напад е кон новинарската екипа на новинската агенција МИА кога имало […]

Страна 1 од 1