fbpx

Балканската мрежа за борба против дезинформации изразува поддршка за хрватските проверувачи на факти Faktograf.hr

-

Балканската мрежа за борба против дезинформации објави соопштение со поддршка за хрватскиот медиум за проверка на факти Faktograf.hr чии вработени беа предмет на смртни закани, додека нивната веб-страница претрпе масовен кибер-напад што ја попречува нејзината основна функционалност .

Овој последен бран напади против проверувачите на факти, кој започна на 10 декември, ја проширува постојаната кампања за оцрнување, чија цел е да се оцрни и медиумот и да се поткопа довербата во професионалното новинарство, чиј составен елемент е проверката на факти.

Случајот со нападите против Faktograf.hr ја одразува секојдневната реалност на независните и професионални новинарски организации во Југоисточна Европа. Реалноста е следна: сите, на различни нивоа, се цел на слични обиди за клевета и заплашување поради нивната работа на разоткривање дезинформации и иницирање јавна дебата за нивните извори и канали за дистрибуција.

Бидејќи компјутерскиот криминал, онлајн малтретирањето, вклучително и смртните закани и говорот на омраза претставуваат тешки кривични дела според хрватскиот закон, што е во согласност со регулативната рамка на Советот на Европа и Европската унија, Балканската мрежа за борба против дезинформации ги повикува хрватските органи за спроведување на законот и судството да ги истражат и санкционираат осомничените кривични дела , притоа обезбедувајќи заштита за загрозените новинари и другите вработени во Faktograf.hr.

Како овластен потписник на Кодексот на принципи на меѓународната мрежа за проверка на факти, Faktograf.hr подлежи на строги процедури за саморегулација според кои морално е придржувањето до високи стандарди за квалитет на професионално новинарство и транспарентност. Покрај тоа, бројни домашни и меѓународни организации за слобода на медиумите ги осудија неоснованите напади, вклучително и Синдикатот на хрватските новинари и медиумски професионалци, Европската федерација на новинари, како и други организации за проверка на факти.

Балканската мрежа за борба против дезинформации (antidisinfo.net) е мрежа основана од десет водечки медиумски организации од Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Северна Македонија и Србија за да ја промовира соработката помеѓу граѓанските организации, медиумите, образовните институции и сите други релевантни чинители, со цел да се формира широк фронт за борбра против дезинформациите преку афирмација на највисоките стандарди за проверка на фактите и сите други етички принципи на професионалното новинарство, како и промовирање на медиумската писменост и критичко размислување.

Балканската мрежа за борба против дезинформации е основана од Фондација Метаморфозис (Северна Македонија); Faktoje.al (Албанија); Journalists About Journalism (ЈАЈ), Peace Journalism Lab, Центар за дигитална комуникациска мрежа Југоисточна Европа, EllInika Hoaxes (Грција), Истиномер (Србија); Internews Kosova, Crno beli svet (CBS) (Косово); Фондацијата BlueLink (Бугарија).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...