fbpx

Обвинителството поведе постапка за насилство кон новинарска екипа на ТВ Алсат

Гостувајќи на Канал 5 телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека веќе е расчистен овој случај, обезбедено е лицето напаѓач и ќе биде поднесена кривична пријава за насилство, во соработка со Основното јавно обвинителство

-

Основното јавно обвинителство од Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на телевизија Алсат-М. Со тупаници го удрил снимателот по главата и телото, а кај двете новинарки предизвикал чувство на вознемиреност и страв. Во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, по наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимки од видео надзор од околните објекти“, стои во соопштението од обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа на осомниченото лице, како и забрана за остварување контакти со сведоците и со оштетениот.

Инаку, од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера побараа реакција од Министерството за внатрешни работи за случајот со нападот на екипата на ТВ Алсат.

Гостувајќи на Канал 5 телевизија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека веќе е расчистен овој случај, обезбедено е лицето напаѓач и ќе биде поднесена кривична пријава за насилство, во соработка со Основното јавно обвинителство.

„Сите аспекти за мотивите на нападот ќе бидат расчистени. Важно е дека брзо и ефикасно и енергично се делуваше во овој случај, затоа што не смее да има никакво насилство, посебно не кога било кој граѓанин е на извршување на своите службени задачи, дотолку повеќе оние кои работат во интерес на граѓаните и државата, затоа што сепак медиумите застапуваат јавен интерес”, рече министерот Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...