На владина седница донесена одлуката за основање на студентскиот дом во Тетово

Според конкурсот за прием на студенти, во овој студентски дом предвидено е сместување на 300 студенти, од кои 60 од прва и 240 од втора година

-

На денешната владина седница беше изгласана одлуката за основање на Студентскиот дом во Тетово, информираше попладнево министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој додава дека целата работа била заокружена од Министерството за образование и наука, по што владата ја донела денешната одлука со која процесот на основање на овој студентски дом е комплетирана.

Инаку, токму министерот Шаќири на почетокот од месецов објави дека во октомври студентскиот дом во Тетово ќе биде достапен за прием на студенти. Државниот студентски дом во Тетово не се најде на првичниот список на Конкурсот за прием на студентите во студентските домови за учебната 2023/24 година, но по пишувањето на Порталб.мк, тој беше ставен на списокот од страна на МОН, еден ден по прашањата испратени до оваа институција околу тоа, зошто овој студентски дом не фигурира на списокот.

Студентскиот дом во Тетово ќе ги прими своите први станари ако се обезбедат услови за работа до октомври

Тогаш од Министерството за образование одговорија дека приемот во новиот студентски дом во Тетово ќе се врши под еден услов, односно само ако домот обезбеди услови за работа до 1 октомври.

Според конкурсот, во овој студентски дом предвидено е сместување на 300 студенти, од кои 60 од прва и 240 од втора година.

Изградбата на студентскиот дом во Тетово се ветува уште од 2016 година, на денот кога Владата на Северна Македонија го усвои Законот за основање на Универзитетот „Мајка Тереза“. Тогаш беше најавена и изградбата на овој студентски дом, а истата година беше објавен и тендерот за изградба на истиот, но крајниот рок за неговото пуштање во употреба неколку пати беше пробиен.

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70 тони жива,...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Во малата депонија во Охис има жива и повеќе линдан од очекуваното, чистењето ќе чини до 20 милиони евра

Во малата депонија во Охис има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки, покажуваат анализите на холандската компанија ТАУ што завршија во мај годинава. Во неа има и 70...