среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Славица Грковска | 68 резултати

Грковска: Транспарентноста е важна за борба против корупција, но и за притисок на јавноста врз институциите

септември 11, 2023

Транспарентоста е важна и основна не само во борбата против корупцијата, туку и поради овозможување на притисокот на јавноста институциите да бидат отчетни. Стратегијата за транспарентност што треба да се надоврзе на претходната, треба да помогне и јавните службеници да сфатат дека администрацијата не постои самата за себе, туку дека е сервис за граѓаните, порача […]

Вицепремиерката Грковска со резерва за усвоените измени на Кривичниот законик

септември 11, 2023

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска на маргините на јавната расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2023-2026 година) денеска изјави дека уште на владината седница на која се одлучувало за предложените измени на Кривичниот законик, таа изразила резерва, затоа што, како била свесна дека ќе има реакции во јавноста за начинот на […]

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

август 16, 2023

Многу е важно инспекторатите кои сè уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика. Ова го истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, на координативниот состанок со претставници на сите државни инспекторати, а на кој присуствувала и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска. […]

Тимот од ЕУ на чело со Хрватин втор ден бара решенија за Судскиот совет

јули 28, 2023

Хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин веќе втор ден е во земјава, со цел да направи воведни подготовки во пресрет на оценската мисија на ЕУ, што ќе се реализира во септември и која ќе ја испитува институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки. Тој денеска се сретна со вицепремиерката Славица Грковска, […]

ДКСК и Грковска со меѓусебни реакции поради случајот со Рамиз Мерко

јуни 24, 2023

Кабинетот на вицепремиерката за задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со меѓусебни реакции во однос на непостапувањето во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој неделава се најде на црната листа на САД. Во демантот од кабинетот на вицепремиерката Грковска, се оценуваат како паушални и […]

Грковска го посети македонскиот тим кој се справува со симулиран сајбер напад со тимови од Албанија и Црна Гора

јуни 9, 2023

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го посети „Синиот тим“ на Северна Македонија, кој пријателски се натпреварува со сините тимови на Црна Гора и Албанија, во рамки на тридневната регионална вежба за сајбер безбедност. Вежбите имаат за цел да обучат сеопфатни вештини за сајбер капацитети на техничко […]

Грковска: Законот за архивско работење ќе се стави во функција на дигиталната трансформација

јуни 8, 2023

Законот за архивско работење, како и создавањето услови за изготвување на електронска лична карта, како основна алатка за дигитализација на процесите и за пристап до дигитални услуги, што е клучно за намалување на субјективниот фактор, а со тоа и на корупцијата, во моментов е во фокусот, изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики […]

Грковска со претставници на Националната конвенција на ЕУ во земјава разговараше за намалување на корупцијата во јавниот сектор

јуни 1, 2023

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со универзитетските професори Милева Ѓуровска, Марина Митревска и Драган Тевдовски, како претставници на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК). НКЕУ-МК претставува демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство […]

Грковска: Ако сè тече како треба, електронска лична карта би требало да имаме в година

мај 17, 2023

Планот и концептот за електронска лична карта се веќе готови. Тоа е систем кој мора да се прави согласно европските директиви и ако сè се одвива како што треба, би требало веќе следната година да имаме електронска лична карта. Ова го кажа на денешниот брифинг со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица […]

Грковска: Етичкиот кодекс го прекршиле Груби, Османи, Тупанчевски, Џемаили и Димовски

мај 17, 2023

Артан Груби, Методија Димовски, Никола Тупанчевски, Хисни Џемаили и Бујар Османи, добиле опомени за непочитување на Kодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од Владата. Ова го кажа на денешниот брифинг со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. „Без оглед на сè и без […]

Грковска: Сајбер нападите се постојана закана, мора континуирано да ја јакнеме отпорноста

мај 16, 2023

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска порачува дека заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Таа се обрати на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска […]

Грковска: Со дигитализацијата се намалува просторот за корупција

мај 10, 2023

„Дигиталната трансформација е можност за голем напредок кон ефикасно, транспарентно и отчетно работење на сите институции, без оглед дали станува збор за министерство или за општина. А тоа е најдобриот и најефективниот начин за да се зголеми довербата на граѓаните во системот“, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната тркалезна […]

Грковска-Дрекслер: Правосудниот систем мора да претрпи промени

април 28, 2023

Правосудниот систем во С. Македонија мора претрпи промени за да има ефективна борба со корупцијата и за земјата да напредува во исполнувањето на стратешките цели. За ова разговарале заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и новоназначената амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер. „Грковска ја информираше […]

Корупцијата во образовниот систем ги саботира шансите за позитивен исчекор

април 25, 2023

Создавањето на образовен систем без корупција ќе обезбеди еднакви можности за сите ученици и студенти и ќе води кон подобри услови за раст и развој на државата и нејзиниот човечки потенцијал, рече вицепремиерката Славица Грковска на денешната тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“ која се одржа со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации […]

Евроамбасадорот Гир не е задоволен од борбата против корупцијата во земјава

април 19, 2023

Евроамбасадорот Дејвид Гир изнесе серија критики во однос на исполнувањето на препораките за борба против корупцијата од ланскиот извештај на Европската комисија на денешниот работен состанок во Владата, на кој учествуваше и вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска. Двајцата ги оценија како „недоволни, бавни и разочарувачки“ спроведените мерки и препораки од Антикорупциската комисија […]

ЦУП: Во државата секој може да биде директор, 40 проценти се „вршители на должност“

април 13, 2023

Со 40 проценти од институциите, наместо директори, раководат вршители на должност (в.д. директори), стои во Извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор, подготвен од Центарот за управување со промени (ЦУП), кој беше презентиран денеска. Во него се вели дека при именувањето на в.д. директорите, кандидатите не е нужно да ги исполнуваат […]

Со британска поддршка ќе се мери успешноста на институциите во имплементирањето владини политики

април 12, 2023

Амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон и вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска денеска го промовираа проектот „Преосмислување на управувањето“, кој кабинетот на вицепремиерката Грковска и Генералниот секретаријат на Владата ќе го реализираат во соработка со Центарот за управување со промени и со британска поддршка. „Функционални и ефикасни институции […]

Прв инклузивен спортски саем „Спорт за сите”: Целосно почитување на човековите права во интерес на сите граѓани

април 12, 2023

Отстранувањето на архитектонските и други видливи и невидливи бариери, инвестирањето во опрема и посебни програми, и овозможувањето на спорт за луѓето со попреченост, не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на оваа целна група, туку и начин како да се подобри општеството и да стане поправедно, рече денес заменичката на претседателот на […]

Очајни 10 отсто од активностите за борба против корупцијата биле спроведени лани

април 5, 2023

Наместо да има унапредување на мерките и активностите за надминување на ризичните фактори кои ја поттикнуваат корупцијата во државата, лани имало очајно исполнување на ваквите активности кои водат кон борбата против корупцијата. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска изјави дека 10 отсто од активностите предвидени за 2022 година се спроведени, […]

„Дигитална трансформација за граѓаните“: Потребно е да се гради култура за дигитален напредок

април 4, 2023

Дигиталната трансформација на општеството е многу важна тема. Мора да се работи на отпорот кон промена, институците треба да ги имплементират секојдневно дигиталните процеси. Сите во општеството треба да ги имаат потребните вештини за да ги користат услугите кои институциите (ќе) ги нудат. Ова се главните заклучоци на говорниците на отворањето на меѓународната конференција „Дигитална […]

Страна 2 од 4