fbpx

Грковска со претставници на Националната конвенција на ЕУ во земјава разговараше за намалување на корупцијата во јавниот сектор

НКЕУ-МК претставува демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската Унија

-

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со универзитетските професори Милева Ѓуровска, Марина Митревска и Драган Тевдовски, како претставници на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК).

НКЕУ-МК претставува демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Повод за денешната средба била новата етапа во работата на НКЕУ-МК, која се фокусира на борбата со корупцијата и заштитата на финансиските интереси на државата. Во таа насока, била побарана поддршка и вклучување на вицепремиерката за добро владеење во активностите на новоформираната Работна група за антикорупција, која во наредниот период ќе работи на препораки за подобрување на управувањето со јавните финансиии и фискалната транспарентност, со цел намалување на можностите за коруптивно однесување во јавниот сектор.

Фото: Влада на РСМ

Вицепремиерката Грковска, како што се вели во соопштението, изразила подготвеност за поддршка на Националната конвенција за ЕУ и истакнала дека во сите активности поврзани со пристапниот процес, мора да се подобрува и информираноста на граѓаните за придобивките од членството во Европската Унија.

Претставниците на НКЕУ-МК ја информираа вицепремиерката Грковска за досегашните активности на оваа платформа, која изминативе седум години активно работи на развивање на широка и стручна партиципативност во подготовката на релевантни содржини. Од нивната досегашна работа, од кластерска перспектива, произлегле 600 публикувани препораки до државните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...