Вицепремиерката Грковска со резерва за усвоените измени на Кривичниот законик

Таа ја изразила својата резерва уште за време на владината седница, додавајќи дека сме сведоци оти ќе има реакции во јавноста за начинот на којшто тие членови ќе се афектуираат на актуелни случаи

-

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска на маргините на јавната расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ (2023-2026 година) денеска изјави дека уште на владината седница на која се одлучувало за предложените измени на Кривичниот законик, таа изразила резерва, затоа што, како била свесна дека ќе има реакции во јавноста за начинот на којшто тие законски членови ќе се афектуираат на актуелни случаи.

Инаку, минатата недела во период од само неколку часа експресно беа усвоени измените и дополнувањата на Кривичниот законик во Собранието на РСМ без амандмани од опозицијата, а кои претходно Владата на РСМ која ги усвои на владина седница на крајот од август, без притоа за ова да ја информира јавноста во официјалните соопштенија што ги испраќа до медиумите.

Грковска денеска рече дека генерално повторно доаѓаме до прашањето за ефикасноста на правосудниот систем, заради тоа што со старите решенија ние се доведуваме во ситуација одредени случаи да застарат, особено кога станува збор за политичари, бизнисмени коишто биле или сè уште се блиски до власта. Вицепремиерката додава дека таа реагирала и минатата година, дека имало и реакции на неколку настани за да се најде начин како тоа да се превенира.

„Ја следам внимателно реакцијата на професионалната јавност дека не секогаш висината на казната е најдобриот механизам за изрекување на мерки и повторно доаѓаме до тоа дека правосудниот систем, обвинителите и судиите треба независно и непристрасно да си ја вршат својата работа. Некогаш, за жал имам впечаток дека обвинителите и судиите се ставаат во улога поголема од политичарите, прават политичка проценка за пред да донесат одредена одлука, за тајмингот на одлуката, за висината на казната“, вели Грковска.

Како одговор на новинарско прашање во однос на тоа дали постојат злоупотреби на европското знаменце при донесувањето на законите во земјава, вицепремиерката со краток одговор.

„Отсекогаш сум сметала дека е лоша пракса и во периодот кога бев пратеник во Собранието, до ден денеска не го менувам својот став“, изјави Грковска.

Таа додаде и дека кога станува за измените на Кривичниот законик што се однесуваат на проширената конфискација, Грковска потенцираше дека е задоволна од овој дел на законските измени, затоа што тоа е иницијатива на нејзиниот кабинет и тие како кабинет се задолжени за координација на Стратегијата за зголемување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот.

Грковска додаде дека тој предлог го имале во јуни и го задолжиле Министерството за правда да го даде предлогот, со оглед на тоа што проширената конфискација дава поголема можност судиите да пресудуваат и да биде тоа една од посериозните мерки кога станува збор за борба против корупцијата и организираниот криминал.

Според искуството коешто го земале од другите држави, вели вицепремиерката, најголемиот притисок и најголемата реакција ќе ја почувствуваат тие коишто го прекршиле законот, доколку лично се засегнати од прекршувањето на законот што значи дека кога ќе почувствуваат дека ќе им се одземе имотот, тогаш реално ќе почувствуваат дека навистина губат нешто.

Грковска изјави и дека е недопустливо повеќе од девет месеци да се чуваат предмети во фиока.

„Се надевам дека ова ќе биде едно освестување за обвинителите и судиите дека треба со интегритет да си ја вршат работата, да не ги интересира за кого станува збор, да пресудуваат исклучиво врз основа на законските одредби“, изјави Грковска, додавајќи дека судиите и обвинителите не треба да ги интересира за кого станува збор, туку дека треба ефикасно, ефективно, праведно и правично да си ја вршат работата.

Инаку, меѓу спорните измени на Кривичниот законик кои предизвикаа најголеми реакции во јавноста се и значителното намалување на казната за различните облици на кривичното дело од член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување“ со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор. Понатаму за членот 394 „Злосторничко здружување“ се намали казната до 10 години на казна до најмногу 3 години. Во однос на делото „Несовесно работење во службата“, ако сторителот прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета се ограничува максималната казна на 5 години, за разлика од сегашното уредување каде максималната казна е 20 години.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...