Пендаровски домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во процесот Брдо-Бриони

Целта на овој форум на шефовите на државите во регионот е јакнење на довербата меѓу земјите преку решавање на отворените прашања и унапредување на соработката, како и интензивирање на дијалогот со Европската Унија

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Скопје е домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во процесот Брдо-Бриони, заедно со претседателите на Република Хрватска и на Република Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар.

Во фокусот на денешните разговори се евроинтеграциите на државите од Западен Балкан, младинските политики и климатските промени.

„Во тој контекст, лидерите дискутираат за текот на евроинтеграциите како предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот, за можностите за засилена соработка и економски развој со цел превенирање на иселувањето на младите, како и за можностите за ублажување на последиците од климатските промени, како глобален предизвик преку општествена, политичка и регионална солидарност“, наведено е во соопштението од кабинетот на претседателот.

Целта на овој форум на шефовите на државите во регионот е јакнење на довербата меѓу земјите преку решавање на отворените прашања и унапредување на соработката, како и интензивирање на дијалогот со Европската Унија.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...