fbpx

Грковска: Сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано

Во таа насока, вели Грковска, е новото предлог законско решение за Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација со кое се предвидува формирање на посебна Агенција

-

Со брзиот напредок во технологијата, сајбер-безбедноста стана поважна од кога било порано, а одвивањето на процесот на дигитална трансформација треба да се сфати многу сериозно од сите страни, рече заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на Регионалниот дијалог за сајбер политики, кој денеска се одржува во Скопје.

Во таа насока, рече Грковска, е новото предлог законско решение за Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, кое вчера се разгледувало на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, а со кое се предвидува формирање на посебна Агенција, која ќе биде надлежна за оваа проблематика.

Зборувајќи за хибридните закани кои ги загрозуваат демократските општества и ја рушат довербата во регионот на Западен Балкан, Грковска се осврна на сајбер нападите врз ИТ инфраструктурата и дигиталните услуги, како и на дезинформациите кои ги експлоатираат постоечките разлики, шират страв меѓу граѓаните и пропагираат недоверба во демократските институции.

„Време е сите влади во регионот и сите чинители во нашите општества да стават поголем фокус на градење отпорност кон хибридното војување, сајбер нападите и другите закани поврзани со штетните странски влијанија и дезинформациски кампањи. Пристапот кој ги вклучува сите страни во општеството е единствениот метод кој може да даде резултати и затоа треба да се поттикнува соработката меѓу владите, медиумите и граѓанското општество, како и споделувањето на практики и знаења на регионално ниво“, заклучи Грковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...