fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

За разлика од Скопје и Кичево, Тетово сè уште нема оглас за доделување на субвенции за инвертери

Општина Тетово сè уште го нема подготвено јавниот повик за аплицирање за субвенции за инвертери, за разлика од Скопје и од Кичево, каде жителите започнаа да аплицираат. Од Општината за „Порталб.мк“ изјавија дека огласот ќе го објават во текот на следната недела. Од четирите општини во Северна Македонија каде воздухот е најзагаден и кои се избрани за доделување на вакви...

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit - BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска...

Водовод и канализација – Скопје започнува кампања за пријавување на дивите приклучоци на вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“. За да се заштити системот за водоснабдување во Скопје, граѓаните кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, можат да пријават на телефонот 02 3073 010 во Дежурно...

Се одбележуваат 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Со изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ во организација на Музеј на град Скопје, се одбележа 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови. Изложбата се одржа во Градскиот парк, а пред присутните се обрати градоначалникот Петре Шилегов. - Уште првите денови светската...

За првпат по осум години, лани опаднал бројот на регистрирани автомобили во Скопје (инфографик)

По осум години континуирано зголемување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје, лани за првпат забележано е намалување на патничките моторни возила со скопски регистарски таблички, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2019 година во главниот град биле регистрирани 148.892 автомобили, односно за скромни 592 вакви возила помалку во споредба со претходната година. Забележано е и намалување на...

Хелсиншки: 86 отсто од инцидентите за говор на омраза лани биле по основ на етничка припадност

По повод Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза, Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави Годишниот извештај за криминалот од омраза за изминатата 2019 година. „Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, МХК регистрираше вкупно 159 инциденти и дела од омраза. Инцидентите беа регистрирани веднаш откако беа пријавени од страна на медиумите или Министерството за...

Бесплатните дозволи за паркирање за 13 пати побројни од паркинг местата на „Градски паркинг“ (инфографик)

Хроничниот недостиг на места за паркирање во Скопје континуирано се зголемува низ годините. Податоците за 2019 година покажуваат дека бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите е за 13 пати поброен од бројот на паркинг места со кои располага ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, се наведува во Годишниот извештај за работењето на ова јавно претпријатие. Заклучно со декември...

Во Скопје најголемо намалување на одѕивот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.660 гласа пред Можеме (инфографик)

Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти - коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за...

Сè уште не се знае која фирма и кога ќе го чисти линданот од ОХИС

Сè уште не се знае која компанија ќе го чисти токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС, ниту пак кога ќе започнат и колку време ќе траат работите на терен. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, тендерот за избор на фирма сè уште не е финализиран, иако според првичните најави компанијата требаше да биде позната...

Фотографирање на ливчиња и физичка пресметка регистрирало МВР на некои гласачки места

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега регистрирало неколку изборни прекршоци во текот на денешниот изборен ден низ земјава. Полицијата регистрирала фотографирање на гласачките ливчиња на избирачките места бр.0537 во Дебар, 0755 во село Осој, општина Кичево и 2909 во Скопје. Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. Исто така, нарушување на јавен ред и мир имало во...

Град Скопје ја смени причината за нефункционирање на семафорите на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“

Поминаа два месеци од пуштањето во употреба на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел, меѓутоа едната од двете раскрсници и понатаму е без семафори. Возилата, но и пешачите што се движат по овој патен правец, се загрозени. Од Град Скопје порано се оправдуваа дека ЕВН треба да ги пушти во употреба истите откако ќе постави мерила за...

Новите екоавтобуси на ЈСП од денеска вклучени во скопскиот јавен превоз (галерија)

Новите екоавтобуси на гас на ЈСП-Скопје, произведени од германската компанија MAN, од денеска почнаа да сообраќаат на градските линии во Скопје. Градските власти информираат дека возачите коишто ги возат новите автобуси на линиите 2, 5, 15 и 57, имаат поминато стручна обука од сертифициран возач од Хрватска. „Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа...

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, но до денешен...

Од денес субвенции за преку 5.000 домаќинства во Скопје за набавка на инвертери

Скопјани од денес ќе можат да аплицираат за добивање субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Град Скопје објави јавен повик за искористување на субвенции во износ до 1.000 евра во денарска противвредност за набавка на еколошки почист уред за затоплување. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, субвенциите ќе се доделуваат до завршувањето...

Пајакот на Градски паркинг за пет години собрал 2 милиони евра од непрописно паркирање (инфографик)

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје минатата година ја завршил со зголемени приходи од работењето, а пајак - службата имала зголемен обем на работа во споредба со претходните години. Возилата на пајак - службата лани собрале 15.412 непрописно паркирани возила од скопските улици, тревници и паркинзи, при што овој сектор остварил нето приход од 423.034 евра, се вели во Годишниот...

Поради ковид-19, јавниот превоз до мај изгубил 11,6 милиони патници и околу 4,5 милиони евра (инфографик)

Пандемијата на корона вирусот има големо негативно влијание врз функционирањето на скопскиот јавен превоз и на ЈСП-Скопје. Долгите полициски часови, затворените школи и факултети, работењето од дома на вработени во голем број компани, ограничениот капацитет за превоз на патници во автобусите и стравот на граѓаните да користат јавен превоз за период од околу три месеци предизвикаа загуби на ЈСП-Скопје...

Доделена е просторија за основање на Музеј на железниците во Транспортен центар

Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура има доделено просторија во рамките на Транспортниот центар-Скопје, која што ќе служи за основање на Музејот на железниците на нашата земја. Од ова јавно претпријатие ја потврдуваат ваквата информација, посочувајќи дека одлуката е донесена на крајот на минатата година. Веќе се назначени и лица коишто во претстојниот период ќе работат на основање на новата...

Археолошкиот музеј објави онлајн тура низ локалитетот „Тумба Маџари“

Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија објави онлајн тура на отворениот музеј “Неолитското село” во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој е затворен за посетители согласно здравствените протоколи поради корона вирусот. Техничката изработка на виртуелната прошетка е на Дончо Наумовски, а текстуалната поддршка на Елена С. Канзурова. Во музејот под отворено “Неолитско село” се изградени неколку куќи во духот на...

Лани сме испуштиле над 70 милиони метри кубни фекалии во реките и подземните води (инфографик)

Процентот на непречистени отпадни води испуштени директно во водотеците, подземните води и акумулациите лани се намалил за 4,7 отсто, но оваа статистичка бројка не го менува фактот дека најголемиот дел од фекалиите во земјава и понатаму завршуваат како непречистени во нашиот воден фонд. Од вкупното количество на испуштени отпадни води во 2019 година, 67,5 отсто биле непречистени, додека 32,5%...

Сè уште не профункционираа семафорите на новиот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел

Една недела по пишувањето на „Порталб.мк“, семафорите на една од двете раскрсници на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во скопската општина Бутел и понатаму се нефункционални, иако тоа претставува опасност за возачите, но и за пешаците што се движат по новата сообраќајница. Возилата на овој булевар и понатаму се соочуваат со опасност во сообраќајот затоа што една од раскрсниците е...