Доделена е просторија за основање на Музеј на железниците во Транспортен центар

-

Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура има доделено просторија во рамките на Транспортниот центар-Скопје, која што ќе служи за основање на Музејот на железниците на нашата земја. Од ова јавно претпријатие ја потврдуваат ваквата информација, посочувајќи дека одлуката е донесена на крајот на минатата година. Веќе се назначени и лица коишто во претстојниот период ќе работат на основање на новата музејска установа.

Работите за основање на Музејот на железниците и за опремување на просторијата во која ќе биде сместена оваа установа во моментов се забавени поради епидемијата со коронавирусот. Но, активностите треба да се забрзаат штом се надмине корона кризата.

– Иницијатива и желба за отворање на железнички музеј постои многу одамна. ЈП ЖРСМ располага со голем број на експонати коишто пред неколку години беа изложени во Музејот на град Скопје – велат за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие.

Македонија, заедно со Албанија, се последните две земји во Европа кои немаат основано Музеј на железниците. Земјава има богато наследство од 147 години зад себе, за кое се насобрани фотографии, документи, публикации и бројни железнички артефакти кои сведочат за развојот на железницата на овие простори.

„Мета.мк“ веќе објави сторија за потенцијалот што би можел да го има идниот Музеј на железниците во Скопје, како за привлекување на посетители, така и за едукација на младите генерации за развојот на железницата во нашата земја.

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во сообраќајот. Министерството за...

Објава преку лажно видео тврди дека УСАИД им плаќала на холивудски актери за да ја посетат Украина

Видеото и приказната во него не се автентични и не потекнуваат од E! News. Дарен Линвил, ко-директор на Медиумскиот центар за форензика на Универзитетот Клемсон, на социјалната мрежа Икс изјави дека...

Ревизија во Централен регистар, три регистри не функционираат и покрај тоа што може да се користат

Неправилности како продажба на патнички моторни возила без согласност од Владата, неусогласености во евиденцијата на приходи и нефункционирање на одредени регистри, утврдиле ревизорите по извршената ревизија за работењето на Централниот регистар. Државниот...

Божиновска на Меѓународниот ден на девојки и жени во науката: Министерството ќе ја зајакне поддршката за девојките во STEM

По повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со млади девојки од Македонија кои градат кариера во областа...

Престрелка во Чаир, едно лице е убиено

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што ноќеска се случила во скопската општина Чаир. Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг поради претходно недоразбирање во...