fbpx
Таг: СДСМ

таг: СДСМ

Промовиран новиот третман на медицински отпад во „Дрисла“, СДСМ вели Град Скопје се фали со туѓи проекти

Скопската градоначалничка Данела Арсовска и директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски, денеска го промовираа новиот стерилизатор - автоклав за третман на медицински отпад. „Она што е важно дека повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад, којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Овој третман на медицински отпад е по најсовремените стандарди со којшто се заштитува...

СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски и другите обвинети во „Титаник“, за ВМРО ова е дефокусирање

По вчерашното признавање вина на поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ во судскиот процес за случајот „Титаник“, од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска побараа од Христијан Мицкоски и сите високи функционери кои во минатото биле инволвирани во изборни измами и притисоци врз граѓаните да си поднесат оставка од ВМРО-ДПМНЕ. „Во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на...

Собранието го отфрли предлогот на ВМРО за укинување на техничката влада пред избори

Со 55 гласа „против“ и 32 гласа „за“, Собранието денеска не го прифати предлогот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада на 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори, која што беше договорена со Пржинскиот договор. Владејачкото мнозинство во парламентот не го прифати предлогот на опозицијата, со кој во Законот за влада сакаа да се избрише изборот на...

Контраспин: Генерализацијата дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, е спин

Генерален став за 42- ца градоначалници дека биле разочарување, преку бегло споменување на четворица – петорица, е спин. За да се изгради генерална оценка потребна е оценка за секој градоначалник одделно. Сè друго е извртување на вистината, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На прес-конференција на СДСМ оваа партија изнесе став за работата на сите градоначалници...

Објавени имињата на министрите во новата влада предводена од Ковачевски

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски вчера вечер ги претстави кадровските решенија кои на негов предлог беа усвоени од Централниот одбор на владејачката партија. За вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, предложена е Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки и поранешен асистент на Природно...

Ковачевски убеден дека со премиерот на Бугарија ќе создадат коректен однос

Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед, вели мандатарот за нова влада и претседател на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ), Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Тој очекува градење коректен однос со бугарската страна, откако беше објавено дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе биде биде првиот...

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за нова влада на Димитар Ковачевски

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за состав на новата влада на Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. „Врз основа на член 84, став 1, алинеjа прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатaр доставено од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а поддржано од политичките партии во состав на коалицијата, кои заедно...

СДСМ го избра Ковачевски за мандатар на новата влада

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го избра претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за мандатар на идната влада. „Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец,...

За СДСМ одлуката за БРТ-то на Арсовска е скандалозна, за ВМРО тоа е проект со сомнеж за корупција

По донесената одлука на новото раководство на Градот Скопје да ја стопира тендерската постапка за избор на изведувач на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје, со своја реакција денеска излегоа од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека е скандалозен потегот на градоначалничката Данела Арсовска да го прекине проектот...

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ, Деспотовски и Ременска со честитки

На внатрепартиските избори вчера членовите на владејачката партија СДСМ го избраа кандидатот Димитар Ковачевски за нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ, односно 86,5 отсто од активно регистрираните членови на партијата. Димитар Ковачевски освои 37.649 гласа, за Јован Деспотовски гласале 3.319 членови, додека противкандидатката Фросина Ташевска Ременски ја...

Вонредни внатрепартиски избори во СДСМ, се гласа за нов лидер на партијата

Двете најголеми политички партии во земјава денеска избираат нови лидери. На непосредни избори, владејачката СДСМ ќе го избира наследникот на досегашниот партиски претседател Зоран Заев, додека ВМРО-ДПМНЕ на редовниот конгрес ќе го реизбере актуелниот претседател Христијан Мицкоски како единствен кандидат. Гласањето на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ се одвива на 194 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат...

СДСМ со тројца, ВМРО-ДПМНЕ со еден кандидат, утре ќе бираат претседател на партиите

Двете најголеми политички партии во земјава утре одржуваат внатрепартиски непосредни избори. Во СДСМ членовите на партијата ќе гласаат на 194 избирачки места низ општинските организации во земјата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот. Изборот кај членовите на СДСМ е од тројца кандидати: Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски, коишто во изминатиов период ја претставија својата...

Ременски и Ковачевски во трка за претседател на СДСМ

Фросина Ременски, поранешната потпретседателка на СДСМ, која веќе не е дел од партиското раководство, денес прва ја поднесе својата кандидатура за претседателка на партијата, по распишувањето на вонредните внатрепартиски избори откако Зоран Заев поднесе оставка. По неа за претседател на партијата, се кандидираше и заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски. Тој на прес-конференција пред седиштето на СДСМ изјави дека со кандидатурата...

СДСМ најави смена на седум министри, Алтернатива наредната недела ќе одлучи за влез во влада

По неуспешниот обид за изгласување на недоверба на владата во Собранието на РСМ минатата недела и по завршените локални избори, од владејачката партија СДСМ најавуваат владина реконструкција, додека од опозициската албанска партија Алтернатива излегоа со информација дека наредната недела ќе одлучат дали ќе влезат во реконструираната влада. Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи во денешното гостување...

СДСМ најавува проширување на мнозинството, Мицкоски се прашува дали вреди да се занимава со политика

Изјавите на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и обраќањето преку Фејсбук на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, укажуваат дека наместо да се изгласа недоверба на владата, владеачките партии ќе го прошират мнозинството. Пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, кого денеска го бараа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на БЕСА Билјал...

Опозицијата и власта со противречни изјави за тоа кој го има мнозинството во Собранието

Неизвесност околу тоа кој го има мнозинството во Собранието на РСМ пред гласањето за доверба на Владата што ќе се одржи во четврток. И владејачката СДСМ и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат поддршка од 61 пратеник, со која што би се задржала актуелната влада на премиерот Зоран Заев или би се формирало ново парламентарно мнозинство. Пратеникот на партијата Алтернатива,...

Зоран Заев си поднесе оставка од премиерското место и од лидерската позиција на СДСМ

Зоран Заев поднесе оставка од претседателската позиција во СДСМ и од премиерската позиција, соопштувајќи ја одлуката на вечерашната прес-конференција. И во вакви околности, тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. Заев рече оти претстојат одлични услови за работа во претстојните две и пол години, а тој ќе остане да помогне да се организира ново...

Богданка Кузеска од СДСМ: Изборите беа фер, слободни и демократски

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на вечерашнава прес-конференција рече дека денеска се одржале фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните излегле на гласање, изјави таа. Кузеска изјави дека денеска победила демократијата и слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес. Таквите режимски методи биле откриени и по нив постапуваат, и тоа во општините Ѓорче...

СДСМ очекуваат уште една сигурна победа, ВМРО обвинува за неправилности

Генералниот секретар и шефот на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски на прес-конференција кажа дека денот минал мирно и во фер и демократска атмосфера и дека се очекува СДСМ да оствари уште една победа. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев оцени дека денешните избори се многу важни за граѓаните. „Драго ми е што кампањата помина со доминантно позитивната атмосфера,...

Политички барометар: Заев сè уште најпопуларен, СДСМ води со 2 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

Резултатите од „Политичкиот барометар“, анкета која ја спроведува агенцијата „Брима“ покажуваат дека, и покрај ниските рејтинзи на политичарите, најпопуларен политичар во Македонија во моментот е премиерот Зоран Заев за кого се изјасниле 11,8 отсто од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски 7 отсто. Како што објави „Слободен печат“, од етничките Албанци, води Али Ахмети со 5,9 отсто, потоа Биљал Касами...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...