fbpx

СДСМ го избра Ковачевски за мандатар на новата влада

-

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го избра претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за мандатар на идната влада.

„Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владината програмата и политиките. Јас сум оптимист дека новата влада предводена од СДСМ ќе ја избереме на средината од следниот месец, до 18 јануари“, изјави Димитар Ковачевски.

Социјалдемократите вчера добија и нови членови на Централниот одбор, Извршниот одбор, како и потпретседатели на партијата.

Нови потпретседатели на партијата се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи, кој и досега беше на оваа позиција и ја  продолжува во уште еден мандат. Нов генерален секретар на партијата е Миле Зечевиќ, нов организациски секретар е Вангел Андрески, а секретар за меѓународна политика е Бојан Маричиќ.

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, го продолжува мандатот кој и го има со изборот на Конгресот.

Извршниот одбор на СДСМ е составен од следниве членови: Ана Данева Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски и Никола Рилак.

Претседателот на СДСМ најави активирање на централниот систем на комисии на СДСМ како механизам за отварање на партијата кон многу професионалци од различни области и сегменти на општеството и за нивно стручно ангажирање.

Ковачевски најави и дека е формиран Совет за креирање и имплементација на политики. Овој совет како помошно тело за поддршка на Претседателот на СДСМ и органите на Партијата, треба да ги интегрира и мобилизира целиот човечки капитал во и надвор од партијата. За претседател на Советот е избран професор-доктор Игор Ивановски.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ по изборот на новото раководство на СДСМ останува на ставот дека Димитар Ковачевски е пиун на Зоран Заев и побараа од него да се огради од криминалот на Заев.

„Ништо не е сменето во СДСМ, социјалдемократските вредности од минатото истите луѓе кога сами за себе велеа дека имаат плава крв сега се на чело на СДСМ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...